среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Проверка на информации (Видео)

Бидејќи вирусот е прилично нова појава за која сеуште не знаеме многу, лесно е да се поверува на различни информации кои не секогаш се точни. Често луѓето ќе видат некоја информација на некој веб сајт или на Фејсбук и мислат дека тоа е корисна информација која може да им помогне на нивните пријатели и ја споделуваат таа информација без да ја проверат. Ваквите дезинформации често можат да бидат штетни.“ вели Кика Авеиро во нејзиното ново видео. 

Во видеото таа дава три примери за ширење на дезинформации и проверка на истите. Погледнете:

 

2020 – Љубовна приказна (Видео)

Во ноември годинава беше објавено дека оригиналните мастери на Тејлор Свифт се продадени за 300 милиони долари од страна на Скутер Браун, и покрај долгогодишниот спор меѓу пејачката и менаџерот. По оваа вест Тејлор објави дека работи на преснимување на целата незина дискографија, со цел таа самата да ја поседува својата музика.

Пејачката објави на својот Твитер профил дека иако снимките сѐ уште не се готови, таа позајмила дел од од снимката за еден од нејзините најголеми хитови „Љубовна приказна“ (Love story), за реклама во продукција на актерот Рајан Ренолдс.

Во рекламата е претставена љубовна приказна помеѓу ѓаволот и девојка која се вика 2020. Рекламата е за нова дејтинг апликација со име Match.

Оригиналиот хит на Тејлор Свифт од пред 11 години, моментално има повеќе од половина милијарда прегледи на Јутуб.

Нови новогодишни филмови на Нетфликс за 2020 година

Новогодишните празници се пред нас, а оваа година веројатно повеќе од било кога ќе поминеме време во домашна атмосвера, заедно со најблиските пред телевизорите. Еве што има ново на Нетфликс, филмови и серии со новогодишен дух за студените зимски денови.

Dash & Lily

Објавено на Нетфликс: 10 ноември
Жанр: Романтична комедија, Тинејџ

https://www.youtube.com/watch?v=AmW5GO6btMM

The Christmas Chronicles 2 (2020)

Објавено на Нетфликс: 25 ноември
Жанр: Авантура, Комедија, Фамилијарна Фантазија

The Princess Switch: Switched Again (2020)

Објавено на Нетфликс: 19 ноември
Жанр: Романтична Комедија

Jingle Jangle: A Christmas Journey (2020)

Објавено на Нетфликс: 13 ноември
Жанр: Фамилијарен Мјузикл

Midnight at the Magnolia (2020)

Објавено на Нетфликс: 5 ноември
Жанр: Романтична Комедија

https://www.youtube.com/watch?v=QTtMtVdK7xU

Operation Christmas Drop (2020)

Објавено на Нетфликс: 5 ноември
Жанр: Романтична Комедија

Holidate (2020)

Објавено на Нетфликс: 28 ноември
Жанр: Романтична Комедија

 

 

 

 

Објавен повик: 100 волонтерски часови за еден ден

Во чест на светскиот ден на волонтерството, 5ти Декември, Еквалис објави повик за волонтери кои заеднички на овој ден ќе извршат вкупно 100 волонтерски часа за само еден ден. Повикот е отворен за сите млади од 13 до 30 години.

Волонтерската задача што ќе треба да ја извршат ќе биде во едно од следните полиња: образование, култура, климатски промени, медиумска писменост, општествено и хуманитарни иницијативи, иницијативи за подигнување на свеста поврзани со КОВИД-19 и феминистички иницијативи.

Прочитајте повеќе на Фејсбук настанот.

Пет начини како да провериме дали веста е вистинита или лажна? (Видео)

„Сѐ уште некако ни се случува да поверуваме на лажна вест или за вистинска вест да кажеме дека е лажна и некако се е каша попара не знаеме на кого да веруваме, на кого да не веруваме и врз база на кои информации да ги превземаме акциите што ги преземаме“, вели Кика Авеиро во нејзиното ново видео. Таа најавува серија на видеа на теми поврзани со препознавање дезинформации.

Во ова видео таа посочува 5 начини како може да се провери дали некоја информација е вистинита или лажна, погледнете:

 

 

Инстаграм со нова почетна страница и нова опција – Reels

На 12 ноември од Инстаграм најава дека ќе ја менува почетната страница на апликацијата. Новите промени кои ќе бидат додадени на почетната страница се табовите за шопинг како и новододадениот Reels таб. Reels табот инаку беше додаден во август, а беше инспириран од успехот на Тик Ток со тоа што овозможува прикачување на видеа до 15 секунди. Целта на овие промени е полесен пристап до овие функционалности.

Во врска со оваа промена на блогот велат: „Најголемиот ризик на Инстаграм не се пребрзите промени туку недоволната промена којашто би нѐ оставила ирелевантни“.

Целосното соопштение можете да го прочитате овде.

Колку се слуша гласот на народот? (видео)

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за претстојните припреми за новогодишните празници во тек на пандемијата. „Многумина сметаа дека за време на светска пандемија апсолутно не е приоритет да се трошат толку многу пари на сијалички за Нова Година“ – вели таа.

Погледнете го видеото:

Конкурс за најдобра фотографија од Скопје

На 23 и 24 ноември ќе се одржи настанот Skopje Photo Week 2020 организиран од Ангеловски Фотографија и Грег Момент од Полска. Во склоп на овој настан ќе има конкурс за најдобра фотографија од Скопје. Инспирацијата зад конкурсот е прикажување на градот од најразлични аспекти. На овој конкурс ќе може да се аплицира до 20ти ноември, а повеќе информации можете да прочитате овде.

На овој настан инаку ќе има предавања одржани од професионални фотографи и кинематографи, а настанот ќе биде одржан целосно онлајн. Повеќе информации за настанот можете да прочитате овде.

Baby Shark стана најгледано видео на YouTube

Популарната детска песна „Baby Shark“ на 2 ноември стана најгледано видео на YouTube со над 7.1 милијарди прегледи. Со ова оваа песна го надмина претходниот рекорд којшто го држеше „Despacito“ од 4ти август 2017та година. „Baby Shark“ започнала како летна кампинг песна во 2016 година а стана вирална во 2018 година со тогашниот #BabySharkChallenge и претпознатливиот танц што е опишан во видеото.

Компанијата која го изработи конкретното видео за „Baby Shark“ соопшти дека се заблагодарува за поддршката и љубовта на сите оние кои го овозможиле овој успех.

Инаку, оваа детска песничка на „Јутјуб“ може да се најде во стотици различни варијанти, од кои скоро сите бележат милиони прегледи.

Во Cineplexx ќе се прикажат шест македонски филма од 12 до 18 ноември

Cineplexx денеска објавија дека во нивните кина ќе се одржува „Есен на македонски филмови“. Станува збор за серија на филмски прикажувања што ќе се одржат од 12 до 18 ноември, при што ќе се емитуваат шест македонски филмови. Листата на филмови кои ќе се емитуваат се: „Стела“, „Хомо“, „ТМ“, „Ема“, „Врба“ од Милчо Манчевски и „Медена земја“, која што беше номинирана за 2 Оскари минатата година.

Билетите со намалена цена ќе можат да се набават од дома поради превенција за ширење на ковид-19. Одржувањето на филмските проекции е со задолжителна примена на мерките за заштита од ковид-19 што се однесуваат за кино салите.

 

WhatsApp воведува опција со која пораките се бришат

Од социјалната мрежа WhatsApp на нивниот блог соопштија дека воведуваат нова функционалност на нивната платформа. Новото надоградување ќе им овозможи на корисниците да ја вклучат новата опција наречена пораки кои исчезнуваат. Со нејзино вклучување во одреден разговор или пак група се овозможува автоматско бришење на пораките кои се постари од 7 дена.

Целта на оваа нова функционалост е разговорите на оваа платформа да добијат пореално чувство.

„Започнуваме со 7 дена бидејќи сметаме дека тоа соодветствува со вистинските разговори кои не се трајни, но сепак со практичноста на разговор каде што помниме што сме разговарале. Листата за шопинг или пак адресата на продавницата што ви пристигнала пред неколку дена ќе бидат таму додека ви требаат, а ќе исчезнат откако повеќе не ви се потребни“ – велат во објавата на блогот.

Оваа нова функционалност е пуштена во употреба, а целосното соопштение можете да го прочитате овде.

Инстаграм во борба против дезинформации пред изборите во САД

На 30 октомври на официјалниот Твитер профил на Инстаграм беше објавено дека тие ќе направат промени на нивната платформа пред изборите во САД.

„Како што се наближуваме до изборите во САД воведуваме промени кои ќе го отежнат пристапот до можни дезинформации на Инстаграм“ – велат во објавата.

Во другата објава надополнуваат дека на граѓаните на САД привремено ќе им биде одземен пристапот на табот „скорашни“ со цел намалување на потенцијално штетната содржина во текот на изборите.

Ова е дел од иницијативата на Фејсбук којшто е сопственик на Инстаграм, против дезинформации. Објавите од страна на Инстаграм можете да ги прочитате овде:

Конкурс за најдобар блог одржан од Рес публика и ИКС

Институтот за комуникациски студии и Рес публика го најавија својот конкурс за најдобар блог на тема „Имаш ли (по)добра идеја?”. Овој конкурс е организиран во склоп на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“ со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Целта на овој конкурс е учесниците преку своите блогови да ги пренесат своите идеи и решенија во врска со општествени проблеми кои треба да се надминат.

Конкурсот е отворен за сите граѓани кои имаат најмалку 18 години, а рокот за поднесување на блогови е 28 октомври. Повеќе информации за овој конкурс можете да прочитате овде.

Културно ехо ќе одржи конференција на тема „Студентски град, сега!“

На 27 октомври со почеток од 18 часот во Домот на културата – Општина Ѓорче Петров ќе се одржи конференција под името „Студентски град, сега!“ организирана од страна на Културно Ехо во соработка со Сити Скоп и Општина Ѓорче Петров. Оваа конференција е дел од проектот на Културно Ехо наречен „Од напуштена фабрика до студентски град“.

Целта на овој проект е ревитализација и пренамена на фабриката „Купрум“ во студентски град на културата. Од организацијата тврдат дека со пренамената на фабриката ќе се поттикне децентрализацијата на културно-образовните подрачја.

Поради почитување на препораките за заштита од ковид-19, конференцијата ќе се одржи без физичко присуство и истата ќе има пренос во живо на Фејсбук.

Културно Ехо е интернационална невладина и независна организација основана во Скопје чија цел е промовирање на одговорност за животната средина.

https://www.facebook.com/culturalechoes/posts/2782617895308883

Зошто се случува булинг?

Во нејзиното најново видео Кика Авеиро зборува за булинг и причините поради кои тоа се случува.

„Некако децата се оставени сами на себе односно сами да се справуваат со сево ова. Ние возрасните не им помагаме нешто многу“, вели таа.

Погледнете го видеото:

Нови мерки за заштита од КОВИД-19 (видео)

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за новите мерки во врска со пандемијата од КОВИД-19 што неодамна ги усвои владата. „Пандемијата од корона вирусот во суштина ни покажа колку е важно секој член од едно општество да биде свесен и одговорен за своите постапки“ – вели таа.

Погледнете го видеото:

Кинотеката со повик до средношколците да учествуваат на „Филмска училница“

Кинотеката на Македонија отвори повик за учество во нивниот проект Филмска училница наменет за средношколците. Овој проект е замислен како интерактивна училница со цел едукација на младите од средните училишта во сите области на филмот.

Идејата е да се поттикне и да се подигне свеста за значењето, влијанието и вредноста на аудио-визуелната уметност. Целта на проектот е учесниците да ги добијат основите на филмското познавање и да добијат основни вештини за создавање на филмови.

Оваа филмска училница ќе биде реализирана со помош од професори од високо образовни филмски школи и професионалци од различни филмски професии.

 

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=105527441326686&id=101165498429547

Како помина корона-летото? (видео)

Откако кика авеиро ни сподели како луѓето го поминуваат своето време во карантин овој пат ни споделува како тие го поминаа ова лето како резултат на моменталната ситуација. „Ајде сега да видиме што прават луѓето после карантинот“ – вели таа.

Погледнете го видеото:

Македонска друштвена игра собра над 260.000 долари на Kickstarter

Македонската компанија за друштвени игри Final Frontier Games собра над 260.000 долари на кампања на Кикстартер (Kickstarter) за нивната најнова игра Monsters on Board. „Ова е нашата седма Kickstarter кампања и затоа сакаме да ве осигураме дека се погрижуваме сѐ да биде со највисоко ниво на професионализам“ – велат од компанијата на оваа Kickstarter кампања.

Поради огромниот интерес, моменталната сума ја има надминато нивната првична цел за речиси 9 пати (30.000 долари). Како резултат на ова, од компанијата решија да додаваат нова содржина на оваа игра после секои 10.000 долари. Играта ќе може да ја играат 1-4 луѓе, а просечно таа би траела околу еден час.

Final Frontier Games е компанија за друштвени игри создадена во Скопје во 2014 година. Нивната цел е да поттикнат дружба на пријатели и семејства преку друштвени игри. Ова е седмата друштвена игра којашто ќе биде објавена од Final Frontier Games покрај нивните претходни игри Cavern Tavern (2016), Rise to Nobility (2017), Robin Hood and the Merry Men (2018), Rise to Nobility: Beyond (2018), Coloma (2019) и A Fistful of Meeples (2019).

Оваа кампања трае до 30-ти септември а можете да ја погледнете овде.

https://www.facebook.com/samoil.petreski/posts/10221682169177323

Протест против полициската бруталност во Битола

Во Битола денеска ќе се одржи протест против полициската бруталност организиран од организацијата АВАЈА. Овој протест е поттикнат од инцидентот што се случи неодамна, каде можеше да се види како претставник на полицијата тепа припадник на ромската заедница.

АВАЈА е граѓанска иницијатива која има за цел да ги артикулира и промовира интересите на граѓаните роми пред сите засегнати страни. Протестот ќе биде одржан заедно со здруженијата Ромалитико, Романо Авази, Ромаверзитас, Баирска Светлина, Сумнал, Ромско Јато.

Организаторите најавуваат мирен протест а дополнително најавуваат дека при протестот ќе бидат почитувани сите мерки со обезбедена редарска служба, маски и дезинфикциони средства.

Настанот можете да го видите на овој линк, а видео од инцидентот можете да погледнете овде:

https://www.facebook.com/avaja.org/posts/673350416911150