fbpx

Аукција на земјиште за станбени згради под Плаошник во Охрид!?

-

Партискиот разгранок на СДСМ од Охрид го повика градоначалникот Никола Бакрачески да ја прекине распродажбата на имотот на Охрид кај Плаошник, како што велат, по цена од смешни 25 евра.

Од СДСМ обвинуваат дека Oпштина Охрид има намера да отуѓи 200 квадратни метри атрактивно државно градежно земјиште, односно да го продаде бадијала, без никакво образложение. Градежната парцела, на која се предвидува изградба на станбен објект на три ката, е дел од боровата шума под Плаошник. Локацијата се наоѓа на левата страна од патот за црквата „Св. Јован Богослов Канео“, непосредно над куќите во месноста Канео.

Продажбата се планира да биде извршена на 2 март, а почетната цена за еден квадратен метар што ја одредила Општина Охрид изнесува само 25 евра. За споредба, пазарната вредност при продажба на куќи во тој дел од градот изнесува најмалку 1.000 евра за еден квадратен метар, додека цената на неизградено градежно земјиште надминува 500 евра за еден квадратен метар.

– Зошто Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ да го продаваат најатрактивно градежно земјиште со почетна цена дури 20 пати пониска од реалната пазарна цена? Кој стои зад ваквата срамна бизнис-зделка и за чии интереси се отуѓува најатрактивната градежна парцела во Охрид? Зошто Општината на тоа место не изгради еден мултинаменски репрезентативен објект за потребите на градот и на граѓаните, наместо да го продава бадијала на приватни лица за изградба на станбен објект – прашуваат од СДСМ и бараат веднаш да се поништи објавениот оглас и неодложно да се запре штетната продажба на атрактивната локација.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...