fbpx

Атанасов: Учебниците доцнат, но не се потпирајте само на нив

-

И оваа учебна година започна без учебници во основното и во средното образсование. Добар дел од оние од лани и од изминатите години се стари, искинати, мрсни, ишарани и оштетени, па родители по социјалните мрежи реагираа дека сами ќе купат нови комплети бидејќи е невозможно да се учи од партали.

По неуспешниот обид за ова да поразговаравме со првиот човек на ресорот образование во државата, Арбер Адеми, кратко интервју за „Мета“ даде неговиот заменик, Петар Атанасов кој е само втора недела на функцијата.

Повторно нервози за родителите и децата кои или немаат воопшто учебници, или пак, оние кои ги имаат, се за во канта. Зошто?

– Секоја година има по некој застој, проблем, некогаш причините се субјективни, некогаш објективни. Но затоа на тоа работат многу комисии, цела педагошка служба, издавачки куќи, печатници, тендери. Една недела сум заменик-министер. МОН напорно работеше да изготви измени во многу учебници. Одлуката е дека првите три одделенија многу скоро ќе се распределат по училиштата.

Ќе бидат ли во иднина поквалитетно изработени и ќе продолжат ли да бидат бесплатни во наредните години?

– Политиката на Министерството за образование и наука наназад со години е дека треба да има бесплатни учебници. Сето тоа предизвика државата да треба да издвојува многу финансии за таа намена, но во секој случај, политиката на бесплатни учебници за сите ученици продолжува. Ќе настојуваме да бидат што подобри во однос на квалитет. Моја интенција е во пониските нивоа на образование учебникот да биде главно помагало, но во секоја наредна година, мора да се изнаоѓаат и нови алатки и извори на информации. Учениците неопходно е сами да учат, да експериментираат и да истражуваат.

Во средно стручно образование, ретко каде има учебници по стручните предмети. Што ќе преземете во врска со овој долгогодишен проблем?

– Запознаен сум со проблемот. Каде што има мали тиражи и мала популација ученици, како што е тоа во средното стручно образование, нема мотивација кај добрите експерти и професори да изработат учебник. Затоа планот е да ги мотивираме повеќе. Кога предметите се поопшти, полесно е да се изработи учебник, но тоа е потешко кога се работи за стручен предмет. Се надевам дека со професорите кои се професионалци во одредени области ќе изнајдеме решение за проблемот со недостиг од учебници во средното стручно образование. Од друга страна, овде е и дуалното образование, како еден од начините да се воведе што поголема практична работа за учениците. Јас сум поборник на тој систем, но и сум поборник да има повеќе инвестиции во средните училишта. Не само да добијат учебник, туку и да се овозможат повеќе ресурси, да се купи опрема, помагала, за да може да има во самото училиште практична работа. Учениците мора да се обучуваат за конкретни професии. Мора да се намали јазот меѓу теоретското образование и работното место. Тоа е заложба на МОН тој јаз да биде што помал. Така ќе има подобра понуда на пазарот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...