fbpx

Атанасов: Состојбата во образованието е катастрофална

-

„Образованието во Македонија е во катастрофална состојба. Владата и министрите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ носеа лоши закони, остваруваа погрешни цели и трошеа многу пари на промашени проекти. Ја понижија просветата, особено со екстерното тестирање, кое, веднаш да кажам, ќе биде укинато“, изјави претседателот на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов.

Тој додаде дека СДСМ ќе создаде образовен систем што ќе создава силни индивидуи со сопствен став и со мотивација активно да го градат општеството.

– Наместо преобемните програми, лошите учебници и голата фактографија и тестирања, прв приоритет ќе ни бидат децата и нивната задолжителна програма, преку намалување на наставните содржини и предмети, подигнување на степенот на употребливост на знаењето, професионалното насочување и работа со децата и поттикнување на вработувањата на завршените ученици од средните стручни училишта – додаде Атанасов.

Според него, втор врвен приоритет на СДСМ во поглед на образованието ќе биде поддршката на наставниците, преку укинување на екстерното тестирање, ослободување од прекумерната административна работа и мотивирање и наградување на наставниот кадар.

Атанасов ветува дека оваа учебна година ќе заврши без екстерно тестирање, со посветени наставници, мотивирани ученици и со позитивни родители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...