fbpx

Асоцијацијата на архитекти е против нов закон за легализација на дивоградби: Бесправното градење да биде казниво

-

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) е против повторно носење на нов Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, бидејќи со него се суспендираат сите важечки прописи за урбанистичко планирање кои се грижат за квалитетот на изградениот простор и се дава погрешен сигнал дека бесправното градење нема да се казнува.

„Доколку и покрај сите наведени причини Законот  биде донесен, инсистираме во него задолжително да се вметне потребата од спроведување на сите постапки неопходни за добивање дозвола за градба. Ги повикуваме и колегите од Комората на градежни инженери и другите струкови здруженија да нѐ поддржат во оваа иницијатива“, стои во соопштението на ААМ.

Од ААМ објаснуваат дека овој Закон е во колизија со важечките закони за урбанистичко планирање и Законот за градење, бидејќи ја негира нивната суштина за процедурите за стратешко планирање и организирање на изградената средина и управување и заштита на природните ресурси.

„Бесправно изградените објекти ги проблематизираат реализациите на легалните детални планови и генерираат просторни, инфраструктурни, но и финансиски проблеми во случај на нивно рушење и обесштетување на веќе легализирани објекти“, посочуваат од ААМ.

Додаваат дека, во државава има значајна правна легислатива со која се регулира обемната проблематика за уредување на просторот, а тоа се законите за просторно и урбанистичко планирање, за градење, за градежно земјиште и за катастар на недвижности.

Со декриминализација на бесправното градење се доведува во прашање и правната, материјалната, социјалната и финансиската еднаквост на учесниците во градбениот процес, нагласуваат од ААМ и потсетуваат дека, легализацијата на бесправно изградените објекти трае повеќе од 10 години и се поставува прашањето дали таа ќе  продолжи и со трет закон.

„Просторот е необновлив извор кој треба многу внимателно и паметно да се планира. Сите непланирани повреди на истиот треба да бидат соодветно санкционирани. Бесправното градење треба да биде казниво!“, укажуваат од ААМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...