fbpx

АСО: Земјоделци и сточари лани наплатија штети од над 5 милиони евра

-

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) информира дека расте износот што земјоделците и сточарите го вложиле во полиси за осигурување. Лани продажбата на земјоделски полиси надминала 7,8 милиони евра, а наплатената штета од осигурителните компании изнесува 313,6 милиони денари или 5,1 милион евра. Тоа е за 56 отсто повеќе во споредба со претходната година, покажуваат официјалните податоци на АСО.

На индивидуалните земјоделци минатата година осигурителните компании им надоместиле 2,8 милиони евра за настанати штети, што е за 18 отсто повеќе од претходната година.

Расте и продажбата на полиси за земјоделско осигурување. Аграрни компании, индивидуални земјоделци и сточари лани вложиле за 24 отсто повеќе во осигурување. Вкупната вредност на продадени полиси лани достигна 480 милиони денари (7,8 милиони евра). Најголем раст има кај земјоделските и сточарските фирми, кои за полиси издвоиле 65 отсто повеќе, односно 215,2 милиони денари (3,5 милиони евра).

Според евиденцијата на АСО, четири компании кои нудат земјоделско осигурување лани продале вкупно 3.751 полиса. Од тоа, 3.017 се индивидуални земјоделци и сточари, а 734 се земјоделски и сточарски компании.

Овие полиси покриваат ризици од пожар, град, мраз, луња и дополнителни ризици врз посевите и плодовите. Кај осигурувањето добиток, се покриваат ризици од последици од болести.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...