Заврши првата фаза од изградбата на новиот Центар за култура во Тетово. Директорот Артан Аслани, истакна дека преостанува само записникот и се очекува да се формира Владата за да започне втората фаза. Првата фаза требаше да заврши во декември 2019 година, но според директорот, таа е одложена поради бирократски процедури, известува Порталб.мк.

Иако првата фаза од изградбата на Центарот за култура требаше да заврши во декември 2019 година, како што изјави претходно директорот на Центарот за култура за Порталб.мк, таа беше завршена пред неколку дена.

„Првата фаза заврши пред неколку дена, треба само да се изготви записникот. Сега ја чекаме втората фаза. Но, прво треба да се формира Влада, а потоа ќе видиме како ќе се одвива постапката и каква одлука ќе се донесе“, вели Аслани.

На прашањето на Порталб.мк, зошто не се казнети одговорните за одложувањето, тој вели дека работите се завршени во декември, додека фазата била блокирана во управни постапки.

„Работите се оддолжени поради причини што се споменати претходно, проблемот со дислокација на трафостаницата и отстранување на бараките. Работите беа завршени навреме на 20 декември, додека работата на записникот е одложена поради пандемијата и не претставува никакви пречки за втората фаза, тоа е едноставно административен и бирократски процес. Исто така, центарот за култура ги има завршено сите потребни процедури за отворање на тендерот за втората фаза, само се очекува зелено светло од Владата“, додаде тој.

Инаку, цената на првата фаза за изградба на објектот беше проектирана на 13,5 милиони евра, додека со почетокот на втората фаза и објавување на тендерот за внатрешно регулирање, цената ќе достигне 40 милиони евра. Камен темелникот за изградба на овој објект беше поставен на 28 ноември 2014 година.