fbpx

Асанж: Русија нема врска со мејловите, жал ми е за Хилари

-

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, негираше дека Русија има каква било врска со објавувањето на мејловите на кандидатката за претседател на САД, Хилари Клинтон.

– Хилари Клинтон неколкупати изјави дека 17 американски разузнавачки служби откриле врска помеѓу Русија и нашите објави. Тоа не е вистина – можеме да кажеме дека руската влада не е извор на нашите информации – рече Асанж.

Тој ова го кажа во интервју што ќе биде објавено на „Раша тудеј“, а беше направено во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што тој се наоѓа веќе четири години.

– Хилари Клинтон е само човек. Всушност, жал ми е за неа како личност, затоа што гледам некој кој жив го изеле амбициите што ги има. Но, таа претставува цела мрежа на луѓе и цела мрежа на односи со држави – додаде Асанж.

Во претходните девет месеци „Викиликс“ објави преку 30.000 мејлови од приватниот сервер на Хилари Клинтон, кој го користела додека била на позиција државна секретарка.

Меѓу тие мејлови има и околу 20.000 пораки упатени кон членовите на Демократскиот национален комитет.

Американските безбедносни функционери во заедничко соопштение во октомври наведоа дека се уверени дека Русија стои зад протекувањето на овие информации.

Москва ги отфрли овие наводи, а портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, ги нарече „бесмислица“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...