Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека САД погодиле цивили во Сирија и дека не постојат докази дека тоа го направиле Русите.
– Тоа, всушност, го направија Американците. Тие убија многу цивили на сeверот од Сирија, а не Русите – нагласи Асад.
Повеќе од 80 земји, пред сè, Турција и Саудиска Арабија, обезбедуваат поддршка на терористите во Сирија, додаде сирискиот претседател.
Тој наведе дека тие земји даваат финансиска и логистичка поддршка на терористичките групи.
Сирискиот лидер таа поддршка од странство ја опиша како неограничена, велејќи дека некои од тие држави ги поддржуваат терористите директно со пари и со опрема, а други дека ги поддржуваат преку различни меѓународни форуми.
Асад ја обвини Саудиска Арабија дека е клучен извор на финансии за милитантите. Тој, исто така, ја повика меѓународната заедница да ги спречи другите држави да испраќаат регрути, оружје и логистичка поддршка за терористите.
Сирискиот претседател ја пофали Русија за помошта што ѝ ја дава на Сирија за да се запре петгодишната граѓанска војна.