Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на САД

Артан Груби и Енвер Беџети примиле мито за поткопување на судските процеси поврзани со Сашо Мијалков

-

Артан Груби, поранешен вицепремиер на Северна Македонија и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд се најновите имиња на црната листа на САД.

„Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Северна Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033“, стои во соопштението на Стејт департментот.

На листата заедно со Груби, се назначени и членовите на неговото потесно семејство.

Американската амбасадорка Ангела Агелер денеска напиша дека сместувањето на Артан Груби и Енвер Беџети на листата е доказ дека политичкото мешање во судството не може и нема да се толерира.

„Соединетите Држави ќе продолжат да ги именуваат оние кои се впуштаат во значителна корупција што ги поткопува демократските институции и ја нагризува довербата на јавноста. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок“, напиша Агелер.

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...