Арта Селмани: Знаењето е светлина што ве крева до небо и ве носи најдлабоко во земјата, за да истражувате

Знаењето е светлина што ве крева до небо и ве носи најдлабоко во земјата, за да истражувате. Ова е возможно само ако се образуваме, така сме слободни, знаеме што сакаме и што ни се допаѓа, го знаеме тоа што нè прави среќни. Toa e дел од пораката на Арта Селмани за младите во интервјуто за Порталб.мк.

Арта почнала да пишува уште од основно училиште, меѓутоа првата книга ја издава како ученичка од трета година средно образование. На различни натпревари по литература добила повеќе награди, а како посебен таа го истакнува моментот кога била избрана за победник со нејзиниот расказ насловен „Мојата туѓа земја“ како едно од нејзините убави доживувања во животот.

Арта Селмани се чувствува сосема задоволно од позитивните пораки на луѓето, за нејзините книги и текстови, и вели дека го добила фидбекот што го очекувала.

Во продолжение, ги пренесуваме нејзините одговори:

Кога почнавте да пишувате и објавувате?

-Уште од мала имав посебна љубов за школувањето, особено за читањето, со цел постојано да се збогатувам и да стекнувам нови знаења. Темата на школувањето секогаш претставуваше нешто деликатно за мене. Постојано работев, читав што повеќе и создавав мои лични ставови. Почнав да пишувам од трето одделение во основно. А првото издание го објавив на почетокот од мојата трета година, во средно училиште.

Сте учествувале во различни манифестации при што сте добиле награди и бројни епризнанија но, во манифестацијата „Црногорскиот екот“ бевте избрани за победник. Какво чувство и доживување беше ова за Вас?

Лани во Куманово се одржа литературен конкурс за поезија и кратки раскази. Бев избрана за победничка во категоријата раскази. Наградата за најдобар расказ ја добив за мојот расказ со наслов „Мојата туѓа земја“. Наградата беше едноставно еден убав сертификат како признание за наградата – најдобар расказ. Меѓутоа, вреднувањето беше многу посилно чувство од самото тоа. Бев среќна од изборот на жирито, а повеќе беше и односот меѓу мене и мојата приказна, важноста на истата.

Деликатна и носталгична тема, во која откривам еден семеен миг, реалност што започна во 80-те години и порано, а која е сè уште свежа и присутна. Преплетување на минатото со сегашноста. Врежаниот настан говори многу повеќе од тоа што читателот може да го прочита. Поаѓајќи од тоа што моето семејство живее во странство и тоа единствено како резултат на економските услови и потпирајќи се на идејата дека туѓа земја ќе може да ве вреднува подобро од матичната земја. Едно убаво и радосно искуство повеќе заради фактот што бев победничка со ваков расказ.

Кажете нѝ нешто околу вашата втора и скоро објавена книга „Во скутот на нештата што заминуваат“ што ја промовиравте во ноември годинава?

Мојата втора книга, насловена „Во скутот на нештата што заминуваат“, беше промовирана на 11 ноември, во Скопје. Книга која има едукативен карактер, пренесува бројни поуки преку пораки. Истите се потрудив да ги пренесам со моите најправични мислења, а можат да бидат корисни за нашето општество. Ги покренав оние теми, чија што вредност, за жал, не се цени соодветно и неблагодарниот однос кон највредните нешта во нашите животи.

Како ги прифатија читателите вашите книги и текстови, кои беа нивните пораки?

Многу сум среќна, бидејќи речиси секој читател бил многу задоволен, имаат впечатоци, сите се со позитивни критики. И тоа што најмногу ми се допадна, го добив фидбекот што го очекував. Секој што ја прочитал книгата, се пронашол себеси и ги почувствувал моментите опишани во книгата.

За сите тие што не знаат со што друго се занимавате, освен пишување?

Студентка сум, со висок просек, на Правниот факултет. Посветена сум на работата што се однесува до професионалниот развој како правник. Се занимавам со разни културни активности. Водам бројни културни манифестации и настани што го сметам како убаво и исклучително искуство.

Некоја порака за младите?

Да бидеме свои, едноставни и да се претставуваме како што се чувствуваме и мислиме. Никогаш поинаку. На овој начин, сите тие што нè опкружуваат ќе нè сакаат за тоа што навистина сме. Многу пати сум рекла, речиси на секое интервју, дека знаењето е светлина што ве крева до небо и ве носи најдлабоко во земјата за да истражувате. Ова е возможно само ако се образуваме, така сме слободни, знаеме што сакаме и што ни се допаѓа, го знаеме тоа што нè прави среќни. Кога знаеме како да живееме, нашиот живот станува убав и среќен, без драма и негативни особини. Не велат за џабе, животот е доволно долг ако знаеш како да го живееш. Вистинско задоволство е кога се стекнуваат нови знаења, различни поуки, нови јазици, и друго.Кога ги гледам младите како учат, како посветено работат, а потоа следуваат успешни резултати, јас само аплаудирам. Ние, новото поколение сме тие што имаат сè во свои раце, од нас зависи судбината на народот и земјата во која живееме. Работејќи силно, освен врз интелектуалното издигнување и душевната сатисфакција, имаме позитивно влијание и врз другите, мотивирајќи и вдахнувајќи ги, бидејќи ништо не е невозможно и секој може да биде успешен. За разлика од секоја генерација, поновата генерација има многу подобри услови и можности, што значи дека со малку работа може да се постигнат многу подобри и поцелисходни резултати. Да читаме што повеќе, да стекнуваме знаење. Да создадеме свое лично мислење. Да бидеме самостојни и способни да ги носиме и контролираме нашите одлуки. Да го најдеме патот што го сонуваме.

За крај Арта, во ова интервју, избра една поема од нејзината втора книга „Во скутот на нештата што заминуваат“ да ви ја претставиме за да ја прочитате.

Денес сум оваа што сум

Утре, како и сите други
Ќе се претворам еден куп црви
и ќе ме нема.
Затоа, да не повредуваме никого
Да не се навредуваме и осудуваме
Да не клеветиме и загрозуваме слободата на другите
Да љубиме и да живееме за нас самите.