fbpx

Арсовска: Зголемен пласман на македонските производи ќе го помогне економскиот раст

-

Затворањето на економијата и ограниченото движење поради рестриктивните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот ја предизвика најдлабоката рецесија на економија за што е показател падот од 12,7 отсто на бруто домашниот производ. Иако, намалување се бележи во речиси сите носечки структурни елементи на БДП, сепак евидентен е падот на извозот на стоки и на услуги кој во номинална вредност изнесува 32 отсто и падот на увозот каде намалувањето е 30,2 отсто, се наведува во соопштението на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Во извештаите на Светската банка, нотирано е дека во услови на пандемија во балканските земји сè поизразен е проблемот на загуби од над една милијарда американски долари годишно заради застој на граничните премини. Долгото време на чекање ги зголемува трошоците, ја намалува конкурентноста на учесниците во меѓународната трговска размена, увозно-извозните претпријатија и транспортните компании.

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Даниела Арсовска потенцира дека во услови на криза, развојот на земјата е лимитиран и во таа насока за побрзо опоравување ќе придонесе зголемување на извозот поради што е потребно да се даде поддршка на македонските извозно ориентирани претпријатија.

– Задржување на пласманот на производите и услугите на домашните извозно ориентирани претпријатија кои имаат докажан квалитет во своето работење е од голема важност за поддршка на економски раст кој го очекуваме со стабилизирање на состојбата по кризата. Поради пандемијата евидентен е негативниот ефект врз побарувачката на пазарите во ЕУ, каде се и нашите најголеми трговски партнери, а тоа се рефлектира и на работата на нашите производствени капацитети. И покрај кризата и отежнатото функционирање, намалената продажба и потешкотиите во производството и логистиката, голем дел од извозно ориентираните капацитети не ги затворија своите погони и континуирано работат. Она што е потребно во моментот е да не ги изгубат пласманите и да ги задржат воспоставените позиции – вели Арсовска.

Таа дополнува дека во случај на откажување на договорите, на компаниите би било потребно да им се овозможи да склучат нови договори со потенцијални партнери, а за да се случи тоа, треба да се размислува за потпишување на договори за слободна трговија и за ослободување од двојно оданочување со земји каде има потенцијал за зголемување на трговската размена.

Во таа насока, Сојузот на стопански комори на Македонија апелира за надминување на бариерите, олеснување на протокот низ границите преку поедноставување на царинските формалности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...