fbpx

Арсовска го именуваше Александар Трајановски од партијата ГРОМ за заменик градоначалник на Скопје

-

Скопската градоначалничка Данела Арсовска на позицијата заменик градоначалник на Град Скопје го именуваше Александар Трајановски, информираат од Град Скопје.

Александар Трајановски е член на Советот во Град Скопје од партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски, која што на минатогодишните локални избори настапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Трајановски кажа дека во Советот ќе дејствува надвор од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

„Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација. Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ – АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот. Воедно е стипендист на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од Европската Унија“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Градските власти велат дека искуството на Трајановски во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје.

Ваквиот потег на градоначалничката Данела Арсовска следи откако вчера оставка си поднесе и досегашната заменик градоначалничка на Скопје, Бујаре Абази од Алијансата на Албанците. Таа е и советничка од Алијансата на Албанците во актуелниот состав на Советот на град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...