Арсова: Урбаната мафија ќе гради хотел во заштитениот зелен појас во Лагадин

-

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ и познатата алпинистка и активистка за заштита на природните богатства, Илина Арсова, предупредуваат дека во охридската населба Лагадин ќе се гради хотел во заштитениот зелен појас.

– И покрај приговорот што жителите на Лагадин го потпишаа со 99-процентно учество, противејќи се на урбанизацијата на крајбрежјето и на непланското менување на деталниот урбанистички план, односно, по ново, општиот акт за село Лагадин, и покрај сите препораки на УНЕСКО и на Министерството за животна средина, урбаната мафија во соработка со корумпираната Општина Охрид продолжува по свое. Ќе се гради хотел во инаку заштитениот зелен појас во населба т.е. село Лагадин – вели Арсова.

Екологистите се особено изненадени што градителите се поддржани и од холандскиот тур-оператор ТУИ, кој во светот пропагира заштита на природата.

– Никому ништо не му значи и масовно потпишаната петиција и реакциите на туристите, кои не сакаат медитерански плажи, туку ја претпочитаат недопрената природа во Охрид. Секторот на урбанизам при Општина Охрид уште еднаш ја покажа својата нетранспарентност и корумпирана активност во полза на нечии интереси, а на сметка на месното население, што е казниво со закон – појаснува Арсова.

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 38 пожари на отворено, три сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни,...

Д-р Османи: За 5 години антимикробната резистентност може да е главна причина за смрт на светско ниво

Антимикробна резистентност сè повеќе зема замав кај нас, во Европа и во светот, па се смета дека до 2030 година, таа може да е главна причина за смрт на светско ниво....

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати...