Арнолд Шварценегер и Мила Јовович ќе делат награди во World of Tanks

Скриншот од главниот вебсајт на World of Tanks
Скриншот од веб страната на World of Tanks

Арнолд Шварценегер и Мила Јовович ќе делат новогодишни подароци во играта World of Tanks. Исто така е направено и новогодишно видео по повод на настанот каде во самото видео се потхранува повеќе новогодишната и божикната атмосфера а World of Tanks играта се спомнува само на крај од видеото со кратка реклама со логоа.

Овие актери не се одбрани случајно да промовираат видео игри. Мила Јовович игра во Resident Evil филмовите базирани на најдобрата хорор акциона авантура на Плејстешн на сите времиња. Додека Арнолд Шварценегер за време на осумдесетите и деведесетите години на минатиот век фигурираше во многу игри базирани на негови филмови наменети за Commodore 64 и 128, за Spectrum и други конзоли со познати наслови како Предатор, Терминатор, Конан и други. Но, исто така, во поновите игри се појавува како Терминатор, лик којшто може да се одбере во најновата Мортал Комбат игра. 

Арнолд Шварценегер е одбран да ја промовира World of Tanks и поради уште една причина од неговата биографија. Тој кога бил млад и служел војска во Австрија бил тенкист и подоцна кога станал богат и славен во Америка, тенкот што го користел во служењето го пренел во Америка и му стои во дворот пред неговата голема куќа и ден денес. Арнолд Шварценегер е прогласен за амбасадор на празнични операции во World of Tanks затоа што и пред ова има соработувано за промоција на играта -како сопсветник на вистински тенк. 

“Имам играно хероини во филмови засновани на видео игри, ама ова е првпат да сум јас во видео игра и спремна за акција”, вели Мила Јовович додавајќи дека за првпат глуми заедно со легендарниот Шварценегер.

“Знаев дека овогодишниот настан ќе биде вистински посебен и бев во право. Чест е да се игра покрај неверојатната Мила Јовович, каде прв пат работиме заедно. Наградите и предизвиците за Празничните операции овојпат се уште подобри, а јас можам да ги комбинирам двете мои омилени работи празниците и тенковите”, рече Шварценегер.

Настаните во играта со ангажираноста на двајцата глобално популарни актери почнува на 1 декември 2022 и ќе трае до 9 јануари 2023 година.