Здружението АРНО продолжувајќи ја мисијата за поддршка на општествени иновации, зелен развој и дигитални вештини на граѓаните, во рамки на проектот DigiCitizenEdu, организира бесплатна онлајн работилница насловена „Google Maps за почетници“, на која може да се пријават сите граѓани.
„На 27 јули со почеток во 12 часот, работилницата ќе се одржи виртуелно преку платформата „Зум“. Таа е наменета за сите граѓани кои сакаат да ја совладаат секојдневната дигитална ориентација, да научат како полесно да се снаоѓаат во урбаната средина, да ја пронајдат најблиската аптека или продавница, да ги разберат тековните информации за сообраќајот и гужвите преку боите на мапата, како и да прават посложено планирање со додавање попатни точки“, наведено е во соопштението од организацијата.
Пријавувањето е отворено, а сите заинтересирани можат да се пријават преку пополнување на пријавата на овој линк.
