АРНО го одбележа Светскиот ден на социјалното претприемништво

Публиката слушна за производството на био кожа од чајот комбуха, собирањето на кори од портокал за еко - освежувачи, кетеринг служба на три сестри од Неготино со голема социјална мисија

-

АРНО, водечката организација за поддршка на социјалното претприемништво во регионот, го одбележа Светскиот ден на социјалното претприемништво и петгодишнината на успешната програма RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs), со свечен настан во Центарот за социјални претпријатија во Скопје. На настанот учествуваа млади социјални претприемачи, дипломати, национални поддржувачи и регионални партнери.

„Програмата RISE, заедно со своите десет партнери, 5 години обезбедува поддршка на млади од Западен Балкан кои имаат идеи за бизниси кои прават добро на заедниците и животната средина. Во изминатите години, програмата RISE постигна импресивни резултати: поддржани се 508 млади социјални претприемачи, инкубирани се 48 социјални бизниси, а преку програмата за мобилност 43 тима имаа можност да ја зајакнат регионалната соработка. На национално ниво, 20.000 евра се инвестираа во прототипирање на македонски социјални бизнис идеи: градинка на отворено во Штип, онлајн еко платформа, инклузија преку фудбал, безглутенска пекарница и други“, наведено е во соопштението од АРНО.

Овие резултати, додаваат оттаму, покажуваат дека социјалното претприемништво во регионот има голем потенцијал. Настанот се отвори со говори и заложби за социјалното претприемништво од страна на Фатмир Сабриу, државен секретар во Министерството за социјална политика, демографија и младински прашања, Филип Маршето- прв советник во Француската амбасада, Кевин Мас- претставник од германската амбасада, Владимир Ѓорѓевски од РИКО, Марко Ѓорѓиевски од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ардита Јола од РИКО, и Клои Лепаж од RISE.

Публиката слушна за производството на био кожа од чајот комбуха, собирањето на кори од портокал за еко – освежувачи, кетеринг служба на три сестри од Неготино со голема социјална мисија.

„Овој јубилеј не е само прослава на пет неверојатни години“, изјави Јаневска од АРНО.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...