fbpx

Архитектите бараат дислокација на Клиничкиот центар

-

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) порача дека не смее да се случи ново „Скопје 2014“ и побара од Владата да ги вклучи во донесувањето оценка при изборот на локацијата за изградба на најзначајниот здравствен комплекс во земјава.

Претседателот на ААМ, Мартин Пановски вели дека од ниту една релевантна институција, која се занимава со архитектура и урбанизам, не е побарано официјално мислење или експертиза околу изградбата на новиот Универзитетски клинички центар.

– Во сите наши изјави кога сме прашани кој е најлошиот аспект на проектот Скопје 2014, дали се тоа фасадите, објектите или скулптурите, секогаш како најлош момент го издвојуваме всушност тоталитарниот систем на планирање и изградба, кој го наметна проектот Скопје 2014 а се прошири низ целата земја. Тој систем се карактеризира со комплетно негирање на архитектите во креирањето на урбаниот простор. Тоа значи дека архитектите веќе подолго време не го креираат просторот во кој сите живееме. Повеќе од 10 години архитектите и урбанистите се третираат од страна на властите како извршители на нечии желби и замисли, а не како креативни, стручни лица кои треба да се најодговорни за урбниот простор на една држава – вели Пановски.

Официјалниот став на ААМ е дека Универзитетскиот клинички центар во Скопје треба да се гради на нова локација.

Со изготвената урбанистичка документација за Скопје во изминативе две децении се потврдило дека најсоодветен простор за изградбата на овој здравствен комплекс е просторот од околу 92 хектари во близина на селото Бардовци. Европската инвестициска банка веќе ја финансирала физибилити студијата за дислокација на Универзитетскиот клинички центар на овој простор, а искуствата на Папскиот универзитетски клинички центар во Рим биле дадени во предусловите за изработка на прелиминарната Планска програма за новиот здравствен комплекс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...