„Ареа“ со нова блуз рок балада „Ангелу мој“

Музичката рок-група „Ареа“ ја претстави новата песна насловена „Ангелу мој“. Песната е блуз рок балада, и како што соопштија од групата, ќе биде дел од нивниот нов албум што треба да излезе наскоро.

„Ви ја претставуваме нашата нова песна со наслов „Ангелу мој“, овој пат тоа е блуз рок балада, која ќе биде дел од нашиот нов албум кој наскоро треба да го издадеме и со нова музика да одбележиме 30 години на македонската музичка сцена“, велат од „Ареа“.

Инаку, бендот е основан во 1991 година и има издадено шест албуми.