fbpx

Апостолов, Личовски и Исмаили се добитници на наградите на ЗНМ

-

Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ за 2016 година, што ја доделува Здружението на новинари на Македонија, ја доби новинарот Владо Апостолов.

Признанието му се додели за три истражувачки текста објавени на „Призма“, за имототите кои се поврзуваат со поранешниот претседавач на Советот во Општина Центар и директор на МЕПСО, Владимир Здравев, а сега член на одборот на директори на „Македонски телеком“.

Добитник на наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело е фоторепортерот Ѓорѓи Личовски.

Мефаил Исмаили од телевизијата „Шења“ доби специјална награда од ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...