Од денеска на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, МЗШВ, поставен е банер за полесен пристап на земјоделците до новатa апликација на страната на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС). Како што соопштија од МЗВШ, насловот на апликацијата е „Понуда-Побарувачка“ и преку неа земјоделците ќе можат во овие услови на вонредна состојба, кога голем дел од пазарите (кванташки, зелени пазари, добиточни пазари) не се во функција, сепак да можат да тргуваат со своите производи.

Апликацијата овозможува да се понудат, побаруваат количини и цени на земјоделски производи или добиток директно од страна на производителите на земјоделски производи од домашно потекло, количини и цени на земјоделски производи или добиток од страна на заинтересираните потрошувачи, купувачи, откупувачи и трговци на производи од домашно потекло, при што зинтересираните страни ќе можа да договорат и направат трговска трансакција.

„Оние кои не се во можност да користат интернет, треба телефонски да комуницираат со подрачната единица на МЗШВ или АПРЗ, а пазарниот репортер во нивно име ќе пополни образец и ќе ја објави понудата/побарувачката во системот“, соопштија од МЗВШ.