Апелација пресуди две години затвор за новинарот Кежаровски

-

Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна од  Апелацискиот суд, чија одлука денеска била доставена од Основниот суд Скопје 1, соопштија од судот.

Пресудата на Апелацискиот суд следува по жалбата на Кежаровски на провстепената пресуда, со која тој беше осуден на четири и пол годишна затворска казна во случајот „Ликвидација“, а беше обвинет дека го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот со убиството во велешкото село Ореше.

Кежаровски помина пет месеци во притвор, во истражниот затвор „Скопје“, а од ноември 2013 година  е во домашен притвор.

Во соопштението од судот се наведени казните одредени од Апелацискиот суд и за дел од останатите обвинети во случајот „Ликвидација“.

  •  Иле Танев,  единствена казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци.
  •  Валентин Зафиров, казна затвор од 2 години и 6 месеци.
  •  Ивица Ефремов, единствена казна затвор од 3 години.
  •  Борис Николовски, условна казна од 1 година затвор, која нема да се изврши доколку тој во следните 3 години не стори ново кривично дело.
  •  Сашо Лазаревски, условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку тој во следните 3 години не стори ново кривично дело

Како што соопштуваат од Основниот суд Скопј 1, Апелацискиот суд ги уважил жалбите на обвинетите Иле Танев и Сабедин Џими Хофман за крвичното дело примање поткуп и предметот го вратил на повторно постапување и одлучување само во овој дел.

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално соопштение од...

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Пишува: Теофил Блажевски   СДСМ и ДУИ во последните два дена излегоа со ставови во јавноста во врска со истрагата за трагедијата во Кочани во кои има сличности во настапот, но и разлики. Ваквата...

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека воведува 25% тарифи на увозните автомобили, потег кој Белата куќа тврди дека ќе го поттикне домашното производство, но истовремено може да ги оптовари автомобилските...

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Денес се навршуваат пет години од официјалното зачленување на Македонија во Северноатлантската алијанса (НАТО), со што државата на 27 март 2020 година стана 30-та полноправна членка на најголемиот воено-политички сојуз во...

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално...