fbpx

Апелација е надлежна за трето продолжување на притворот на Талески

-

За продолжување куќниот притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, треба да одлучува Апелацискиот суд затоа што судија на претходна постапка може само двапати да одреди продолжување на притвор, велат од Основен суд Скопје 1 за „Мета“.

„Досега во Основен суд Скопје 1 не е пристигнат никаков предлог од Специјалното јавно обвинителство. Судија на претходна постапка може само двапати да одреди продолжување на мерката домашен притвор во траење од 30 дена. Сега по ова прашање треба да одлучува апелациски суд“, велат од Основен суд Скопје 1 за „Мета“.

Судијата Сафет Кадрии од Апелацискиот суд вели дека одговорот на прашањето дали судот добил предлог од СЈО може да го даде само претседателката на судот, која цел ден била на судење.

Претходно, обвинителката Ленче Ристовска за „Мета“ изјави дека предлогот за продолжување на мерката притвор од СЈО ја поднеле во петокот.

Ова е трето барање на СЈО за продолжување на притворот на Талески, кој му истекува денеска. На битолскиот градоначалник му беше одреден куќен притвор на 16 јуни, а потоа по барање на СЈО му беше продолжен на 21 јули и на 19 август.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...