fbpx

Апелација одлучи Бојан Јовановски – Боки 13 да остане во притвор

-

Бојан Јовановски – Боки 13 останува во притвор. Апелацискиот суд донесе одлука да не ја прифати неговата жалба за укинување на мерката притвор.

Иако отпаднала можноста Боки 13 да влијае врз сведоците, судиите одлучија дека тој треба да остане во притвор поради опасност од бегство.

Адвокатите на Бојан Јовановски најавија и жалба откако му беше продолжен притворот по вторпат. Тие веќе посочија дека постои олеснителна околност поради тоа што е завршена истрагата на обвинителката Вилма Русковска.

Одлуката на Апелација доаѓа откако Боки 13 вчера во образложението пред судиите рече дека неговата здравствена состојба е лоша, а условите во притвор не дозволувале да изврши соодветен медицински третман.

Бојан Јовановски е 82 дена во притвор во „Шутка“, заедно со поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Единствениот обвинет во предметот „Рекет“ на кому му беше дозволено да оди во домашен притвор е Зоран Милески – Кичеец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...