Апел од италијанските медицински лица: „Нема повеќе време, потребни ни се повеќе болници“ (видео)

Италијанскиот дневен весник „Ил фато куотидијано“ на својата веб-страница објави краток текст и видео со наслов – ‘Коронавирус, апел од медицинскиот персонал: „Нема повеќе време. Потребни ни се повеќе болници. Ние сме како војници без оружје фрлени во првиот фронт на војната“.’ 

Моќниот апел пуштен од  Националната федерација за здравствена заштита e придружен со видео каде е опишана ситуацијата во која се наоѓаат и во која работат медицинските лица во Италија. Во видеото има и апел за помош од граѓаните: „Останете дома. Секој пат кога излегувате надвор ја зголемувате можноста за ширење на вирусот“.

Епицентарот на корона вирусот во Европа се наоѓа во Италија, каде до сега се заболени 24.747 лица, од кои над 3.000 во последните 24 часа. Бројката на оздравени изнесува 2.335 додека на починати 1.809. Повеќе статистички податоци за состојбата со Ковид-19 во Италија на следниот линк.