fbpx

Апел од банките: Не подигајте готовина повеќе од потребното, плаќајте со вашите картички

-

Од Македонската банкарска асоцијација апелираат до граѓаните од нивните сметки да не подигнуваат повеќе од потребната готовина за покривање на нивните потреби. Подигнувањето готовина, велат банкарите, ги изложува граѓаните од зголемен ризик од повеќе аспекти, меѓу кои се и интензивните контакти со други луѓе и потенцијално губење или кражба на нивните пари.

„Особено апелираме да се воздржувате од подигање готовина во девизи бидејќи девизите доаѓаат од меѓународниот платен промет и се потенцијална зараза со вирус, а истите не се платежно средство во нашата земја и не се неопходни за вашите секојдневни потреби“, се вели во соопштението на Македонската банкарска асоцијација.

Македонските банки уверуваат дека парите на граѓаните на нивните сметки се безбедни и се на располагање во секое време, бидејќи банките и штедилниците ќе продолжат непречено да работат.

„Апелираме што повеќе да плаќате со платежни картички, да користите електронско банкарство и, ако имате потреба од готовина, да вадите од банкомати со цел што помалку да користите шалтери“, им укажуваат на граѓаните од банкарскиот сектор.

Банките активно соработуваат со Народната банка за изготвување решение кое ќе придонесе за олеснување на финансискиот товар на населението и на корпоративниот сектор и со тоа полесно надминување на негативните економски последици од пандемијата. Тие имаат голем интерес да го задржат квалитетот на одобрените кредити, без притоа да се загрози стабилноста.

„Ова е исклучително сложена проблематика за која мора умешно да се најде баланс меѓу потребите на реалниот сектор, кои ќе бидат големи, и обезбедувањето сигурност и стабилност на банкарскиот систем во целина“, се посочува во испратеното соопштение.

Банките се во интензивна комуникација со Владата за да се изнајде начин за безбедна исплата на пензиите за сите оние пензионери кои ќе сакаат истата да ја подигнат во готовина. За постигнатото решение ќе има дополнително соопштение од банките, со цел да се избегнат вообичаените гужви од пензионери пред банкарските шалтери на почетокот од април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...