Последните настани во ИВЗ се директно мешање на државата во верските заедници, рече Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција.

Тој смета дека настаните се „скандалозни и недозволиви”.

– Да се потсетиме само во минатото дека потпретседателот на Заев, потпретседателот на СДСМ даваше квалификации за челникот, односно поглаварот на ИВЗ каде што го нарекуваше резил, зло, заштитена мечка и слично. Ваквото мешање најостро го осудувам се уште еднаш и очекуваме надлежните институции кои всушност дојдоа по нарачка и го остварија она што го гледавме вчера дека ќе се повлечат и дека ќе ги преземат сите мерки за расчистување на овој случај – рече Јанушев.