fbpx

Антикорупциска предупреди што не смее власта да прави во текот на изборната кампања

-

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ги извести министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва и други институции основани од државата, како и јавноста, дека во периодот од распишувањето на предвремените избори до нивното одржување нема законски можности да дава мислења по барања за постапување на институциите. Истовремено Антикорупциска ги предупреди сите органи дека во овој период важат забраните утврдени во членот 8-а и 8-б од Изборниот законик и во членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Членот 34 од антикорупцискиот закон предвидува дека од распишувањето на изборите до изборот на новите пратеници и новата влада не може да започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација и други објекти или на објекти за општествени дејности -училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година.

Според членот 8-а и 8-б од Изборниот законик, освен погоренаведената забрана од Антикорупцискиот законик, предвидува уште и исплата на надоместоци што не се редовни месечни исплати, а забранува и нови вработувања и отуѓување државен имот. Исто така, со овие членови е забрането да се одржуваат јавни настани за почеток на градба или пуштање во употреба на инфраструктурни капацитети и објекти. Членот 8б забранува користење канцелариска опрема и службени возила за изборна кампања, како и вршење притисоци врз вработените.

„Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го следи целиот изборен процес и во случаите на основи за сомневање дека се прекршува законот ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивното надлежно постапување“, порача комисијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...