Антикорупциската комисија отворила предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

Од опозициската СДСМ со денови тврдат дека со назначувањето на Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, власта спроведува опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции

-

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) постапува по случајот за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), вели за Дојче Веле претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска.

Изјавата доаѓа по реакциите во јавноста околу назначувањето на Христовски за директор на АНБ, за што пристигнала и анонимна претставка до ДКСК со наводи дека именувањето е направено незаконски.

Христовски беше назначен на директорското место во АНБ по разрешувањето на Зарко Милошевски.

Тој на новата функција дојде од Министерството за внатрешни работи, иако спорен е неговиот партиски ангажман во ВМРО-ДПМНЕ. За да биде поставен на функцијата, директорот на АНБ мора да има најмалку 12 години работно искуство во областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето, од кои најмалку пет на раководни позиции, а дополнителен услов е да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Од опозициската СДСМ со денови тврдат дека со назначувањето на Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, власта спроведува опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции.

„Ние многу време и инвестиции потрошивме таа институција да се професионализира и првите чекори во таа насока почнаа уште со пржинските преговори и разговори и АНБ стана институција во којашто работат одлични професионалци, за кои назначувањето на ваков кадар не значи ништо друго освен една форма на понижување“, изјави вчера лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче рече дека за овој случај ќе ги известат сите стратешки партнери на државата и ја повика претседателката Гордана Сиљановска – Давкова да заземе став и да го запре најавеното спојување на АНБ со Агенцијата за разузнавање.

За СДСМ, спорно е и што Христовски немал сертификат со степен „државна тајна“.

Од друга страна, Христовски за емисијата „Код“ на Телевизија Телма, рече дека во текот на кариерата ги поседувал сите безбедносни сертификати до „државна тајна“ и оти во 2020 година, во политички мотивирана хајка, не му бил продолжен безбедносниот сертификат.

Откако минатата година се вратил да работи во МВР, Христовски вели дека аплицирал и за брзо време добил безбедносен сертификат со степен „строго доверливо“.

По локалните избори во 2021 година, како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски беше поставен за директор на „Градски паркинг“ – функција од која си даде оставка во септември 2022 година поради несогласувања со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Христовски беше и претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Сокпје, но тврди дека ја напуштил партијата во 2023 година.

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Израелски воздушни напади врз Сирија, Израел негира дека тенковите одат кон Дамаск

Израелски воени авиони наводно извршиле стотици воздушни напади низ Сирија, вклучително и врз главниот град Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека документирала повеќе од 310...

Најнови гејминг вести : Излегоа Path of Exile 2 и Marvel Rivals, во Tekken 8 се враќа познат карактер

Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“. https://www.youtube.com/watch?v=AOVg2aLjIiU Path of Exile 2 по долго време...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор...