Антикорупциска: Продолжува постапката за предметот со патувањето на функционерите во Вашингтон

Во Вашингтон отпатуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, министерот за здравство Арбен Таравари и лидерот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими

-

Продолжува постапката за предметот на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со патувањето на функционерите од Република Северна Македонија на инаугурацијата на претседателот на Америка, Доналд Трамп, пишува Порталб.мк.

Еден месец по отворањето на предметот за патувањето на политичарите во Вашингтон, од ДКСК за редакцијата на Порталб.мк потврдија дека постапката е во тек.

„Постапката за горенаведениот случај е во тек. По констатирање на фактичката состојба, решението за горенаведениот предмет ќе биде донесено и испратено на јавна седница на ДКСК“, кусо беше наведено во одговорот на ДКСК.

Темата за патувањата на владините челници во Вашингтон предизвика јавна дебата во земјата. Власта се пофали за нејзиното присуство во Вашингтон, а опозицијата настојува на тоа дека оваа патување не се истакнало со ништо посебно, освен за промоција на личните интереси.

Во Вашингтон отпатуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, министерот за здравство Арбен Таравари и лидерот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими.

Потсетуваме дека инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп се одржа на 20 јануари. Според американските медиуми, Tрамп е првиот новоизбран претседател кој по повеќе од еден век покани странски лидери на церемонијата на неговата инаугурација.

Историски гледано, на овој настан присуствувале само странски дипломати и амбасадори.

ИзворPortalb

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...