Антикорупциска покрена истрага за патувањата на функционерите во Вашингтон

Опозициските партии настојуваа Антикорупциска да побара одговорност и транспарентност од политичарите во врска со неодамнешните патувања на лидерите на владината коалиција во Соединетите Американски Држави

-

По бројните реакции во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за патувањето на македонските функционери на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Порталб.мк.

„Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за обвинувањата што ги истакнавте во вашето новинарско прашање. По констатирање на фактичката состојба, Државната комисија ќе донесе одлука која ќе биде објавена за јавноста“, одговориле од ДКСК на прашањето на Порталб.мк во врска со тоа дали Комисијата покренала истрага по повиците на опозицијата за транспарентноста на патувањето на владините лидери во Вашингтон.

Опозициските партии побараа ДКСК да побара одговорност и транспарентност од политичарите во врска со неодамнешните патувања на лидерите на владината коалиција во Соединетите Американски Држави.

„Антикорупциска да преземе итни чекори за истражување и откривање на целосната транспарентност на патувањата на лидерите на владејачката партија и премиерот на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп“, порачаа од Алијансата за Албанците (крилото на Зијадин Села). Од Демократската унија за интеграција (ДУИ), пак, побараа „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да покрене целосна и непристрасна истрага за овој скандал“.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој е и министер за здравство, во изјава за ТВ 21 рече за дека авионската карта и сместувањето платил сам, додека билетот за инаугурацијата на Трамп, како што рече, е платен од неговите пријатели во САД.

„И покрај критиките, велам дека билетот ми го обезбедија пријатели кои ги имаме во САД. Не сум платил ниту денар. За авионската карта и хотелот платив сам, приватно. Се чувствувам многу горд што учествував на неколку настани за време на инаугурацијата на еден американски претседател, навистина е посебно задоволство што можев да учествувам. Жал ми е ако некој не можеше да оди, но јас не сакав да ја пропуштам оваа можност, а предлозите на пријателите, кои ги сметам за многу искрени, беа дека би било добро да бидам таму, и јас бев таму“, изјави Таравари за ТВ 21.

Инаку, лидерот на партијата Алтернатива, Зеќирија Ибрахими во изјава за Лајм ТВ рече дека на инаугурацијата учествувале на покана на организаторите, а реакциите на опозициските партии ги нарече бесмислици.

„Во време кога некој од оваа земја е на црната листа во САД, а партија е прогласена за нон грата, висока владина и политичка делегација беше во Вашингтон на инаугурацијата на претседателот Трамп, а ова е најдобрата и најважната вест во нашата држава. Затоа, не сакав еден ваков огромен успех да биде покриен со глупавите реакции на опозицијата. Што се однесува до тоа кој нè покани, ги имаме официјалните покани и ако е толку важно, можеме дури и да ги објавиме. Организаторите на инаугурацијата нè поканија да учествуваме на свеченоста на инаугурацијата“, рече, меѓу другото, Ибрахими.

Патувањето на владиниот врв во Вашингтон е тема на јавна дебата во земјата. Владата се пофали со нејзиното присуствување во Вашингтон, а опозицијата настојуваше на тоа дека ова патување не се истакнало со ништо важно, освен промовирањето на личниот интерес. Во Вашингтон отпатуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, министерот за здравство Арбен Таравари и лидерот на Алтернатива Зеќирија Ибрахими.

Потсетуваме дека инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп се одржа на 20 jaнуари. Според американските медиуми, Tрамп е првиот новоизбран претседател во повеќе од еден век кој покани светски лидери на церемонијата на неговата инаугурација. На овој настан досега учествувале само странски дипломати и амбасадори.

ИзворPortalb

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...