Aнтикорупциска бара кривично да се гони директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски

-

Поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница одлучила да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија.

ДКСК ќе достави до Владата и иницијатива за утврдување одговорност на овие лица, а од Управата за јавни приходи, ќе побара да изврши надзор на сите субјекти од областа на спортот во поглед на користење на парите преку т.н. ваучер систем во периодот од 2020, 2021 и 2022 година. Годишно, според анализите на ДКСК, на овој начин се трошат околу една милијарда денари, што се вложуваат во спортот по разни основи, но АМС нема никаква отчетност како ги доделува и како се трошат овие пари.

„ДКСК смета дека е неопходно да се интервенира и во самиот Закон за спорт, со носење на некое ново решение за распределба на средства со почитување на утврдени критериуми, за што веќе се дадени одредени предлози до кабинетот на вицепремиерката за добро владеење и до АМС“, велат во Антикорупциска.

Освен од АМС, податоци биле побарани и од фудбалската, кошаркарската, ракометната и одбојкарската федерација, како и до спортските клубови кои користеле средства од ваучери во висина од над еден милион денари.

„Постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет, од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало“, изјави членот на ДКС, Владимир Георгиев.

Постои сомневање дека претседателот и членовите на централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата кои имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека тие не се против доделување средства на клубовите, туку да се направи праведен систем без фаворизирање.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...