fbpx

Антиќ триумфираше над Индијана

-

Во својот втор натпревар во НБА-лигата, екипата на Атланта хокс првпат пред своите гледачи во арената „Филипс“ го совлада составот на Индијана пејсерс со резултат 102:92 (27:18, 24:26, 19:19, 32:29).
Перо Антиќ не настапи на гостувањето кај Торонто репторс, но тренерот Мајк Буденхолзер одлучи македонскиот интернационалец со „пејсерси“ да ги заигра првите минути од новата сезона (втора за него).
Нашиот играч (не беше стартер) за 20:07 минути на паркетот имаше седум поени, додаде еден дефанзивен скок, две асистенции и заработи три лични грешки. Најефикасни кај неговите соиграчи беа Тиг со 25 поени (четири скокови, шест асистенции, три украдени топки) и Хорфорд со 20 поени (четири скокови, две блокади).
За Индијана доминираше Коупленд со 21 поен (шест сккокови, четири асистенции), а го следеа Хиберт (12 скокови, три блокади) и Слоан (седум асистенции), секој со 14 поени.
Популарните „јастреби“ во југо-источната конференција, по два одиграни меча го заземаат четвртото место, зад Мајами, Вашингтон, Шарлот, а пред Орландо. Следната средба Антиќ ќе ја има на дуелот со Сан Антонио Спарс на 5 ноември, на гостински терен.
НБА-резултати:
Шарлот хорнетс – Мемфис гризлис 69:71
Њу Орлеанс пеликанс – Далас маверикс 104:109
Орландо меџик – Торонто репторс 95:108
Филаделфија сиксерс – Мајами хит 96:114
Вашингтон визардс – Милвоки бакс 108:97
Атланта хокс – Индијана пејсерс 102:92
Детроит пистонс – Бруклин нетс 90:102
Хјустон рокетс – Бостон селтикс 104:90
Минесота тимбервулвс – Чикаго булс 105:106
Оклахома Сити тандер – Денвер нагетс 102:91
Јута џез – Феникс санс 118:91
Голден Стејт вориорс – Лос Анџелес лејкерс 127:104
https://www.youtube.com/watch?v=g2q5Qc6ezmA

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...