Анти-ЕУ објава манипулира со стар говор на Урсула фон дер Лајен

Во објавата се наоѓа фотографија односно исечок од подолг говор на Урсула фон дер Лајен кој во последно време сè повеќе се вади од контекст и се злоупотребува за ширење антисемитизам, иако е 3 години стар и даден во контекст на антисемитизмот

-

Со ваквото извртување и додавање на интерпретации се поддржува руската пропагандна машинерија која се обидува на секој начин да ја обвини ЕУ дека подготвува војна, иако ЕУ само се брани од заканата за иден напад од Русија (каков што несомнено ѝ се случи на Украина) на начин што го поддржува и украинското право на самоодбрана. Исто така, Евреите не ја освоиле Европа, a доказ за тоа е самиот факт што Европската Унија формираше стратегија за борба против антисемитизмот и негувањето на еврејскиот живот 2021-2030, пишува Вистиномер.

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Урсула фон дер Лајен:

„Европа ги има вредностите на Талмудот“.

Со други зборови:

Евреите ја освоија Европа.

Секоја земја што припаѓа на ЕУ е во длабока криза, миграции, економски пад, војна во подготовка, корупција, медиумски лаги,…

Исто како Вајмарската република, овој пат ЕУимар 2.0

Во објавата се наоѓа фотографија односно исечок од подолг говор на Урсула фон дер Лајен кој во последно време сè повеќе се вади од контекст и се злоупотребува за ширење антисемитизам, иако е 3 години стар и даден во контекст на антисемитизмот. На извадокот од фотографијата од објавата што ја рецензираме Фон дер Лајен вели дека „Европа е вредностите на Талмудот“.  Говорот е од 14 јуни 2022 година даден на универзитетот Бен-Гурион кога Урсула фон дер Лајен добила почесен докторат на церемонијата. Таа во говорот што го дала на церемонијата вели:

Откога можам да се сетам, бев уверена во два многу едноставни факта. Прво, нема Европа без европските Евреи. И второ, Европа и Израел се пријатели и сојузници. Поради тоа што историјата на Европа е историја на Еврејскиот народ. Европа е Симон Веил и Хана Арент. Европа е Махлер и Кафка и Фројд. Европа е вредностите на Талмудот, Еврејското чувство за лична одговорност, за правда и солидарност. Денеска, речиси 80 години после Шоах, еврејскиот живот во Европа повторно  доживува напредок. Земји како Португалија и Австрија повторно го откриваат своето еврејско наследство. Го гледам тоа и во Брисел, истакна во дел од говорот Урсула фон дер Лајен.

Наспроти изнесеното во објавата, говорот на Урсула фон дер Лајен очигледно кога ќе се погледне целосно, не значи „со други зборови“ тоа што се тврди во објавата што ја рецензираме. Фон дер Лајен не вели дека „Евреите ја освоија Европа“, ниту пак, дека „секоја земја што припаѓа на ЕУ е во длабока криза, миграции, економски пад, војна во подготовка, корупција и медиумски лаги“.

Всушност, со ваквото извртување и додавање на интерпретации се поддржува руската пропагандна машинерија која се обидува на секој начин да ја обвини ЕУ дека подготвува војна, иако ЕУ само се брани од заканата за иден напад од Русија (каков што несомнено ѝ се случи на Украина) на начин што го поддржува и украинското право на самоодбрана. Исто така, Евреите не ја освоиле Европа, a доказ за тоа е самиот факт што Европската Унија формираше Стратегија за борба против антисемитизмот и негувањето на еврејскиот живот (2021-2030).

Причината поради која во 2021 година беше формирана оваа стратегија е токму тоа што антисемитизмот е на повидок, сè повеќе постои и во Европа и пошироко. Антисемитизмот е некомпатибилен со европските основни вредности. Тој претставува закана не само за еврејските заедници и еврејскиот живот туку и кон отвореното и разнолико општество. Антисемитизмот е и закана за европскиот начин на живот и Европската Унија е одлучна да стави крај на антисемитизмот. Европските Евреи и еврејските заедници придонесуваат за социјалниот, политичкиот, економскиот, научниот и културниот развој на Европа повеќе од 2 милениуми и се нераздвоен дел од европскиот идентитет. Денеска во ЕУ има 1,5 милиони Евреи.

ЕУ потенцира дека денеска антисемитизмот е во подем и дека современиот антисемитизам има многу форми, меѓу кои и онлајн говор на омраза, но и напади од омраза врз Евреите, нивните бизниси и институции или уништување на гробни површини или меморијални објекти. ЕУ ќе води глобална битка против антисемитизмот, а акциите во стратегијата се однесуваат на искоренување на антисемитизмот онлајн, заштита на местата за изразување на верата, поставување на европски истражувачки центар за антисемитизам и еврејски живот и едукација за холокаустот.

Во врска со објавата дека „секоја земја што е во ЕУ е во длабока криза, миграции, економски пад, корупција и медиумски лаги…“, станува збор за проблеми коишто се присутни повеќе или помалку во сите земји во светот, а нивното истакнување како „проблем на ЕУ“ е тенденциозно. Имено, според достапни податоци од 2023 година 448,8 милиони луѓе живеат во ЕУ, а од нив 6 проценти не се државјани на ЕУ, додека 9 проценти биле родени надвор од ЕУ.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...