fbpx

Анти-ЕУ и про-руските наративи во РСМ се зајакнати поради поделбите околу уставните измени

-

Нејасно е како парламентот ќе го собере потребното двотретинско мнозинство за да ги усвои уставните измени што ги бара Бугарија или дали евентуален референдум ќе помогне да се надминат поделбите околу ова прашање во земјата. Анти-ЕУ, екстремно десничарските и проруските елементи во Северна Македонија се зајакнати поради оваа епизода и може да забележиме зголемување на изборната поддршка на претстојните избори, се оценува во документот на Институтот за европска политики-ИЕП, „Политиката на проширување на ЕУ: есенски ветришта на промени кон напредокот?“, пишува Порталб.мк.

Понатаму се вели, ако целта на Путин бeше „да раздели и да освојува“ со цел ЕУ да се дестабилизира што се однесува до Балканот, неодамнешните случувања се чини дека ѝ даваат директна предност на Русија.

„Затоа опасноста дека Северна Македонија е поместена одсостојбата „чекор близу до прифаќањето“ во маратонот во круг виси над договорот. Оваа перспектива го попречува постигнувањето, особено знаејќи ја долгата историја на земјата да биде во состојба не неизвесност“, се наведува во документот.

Исто така, се подвлекува дека проблемот не е толку во тоа што процесот на проширување е бавен, бидејќи ефективната трансформација може да потрае. Главното прашање е тоа што прифатените стандарди и процедури за проширување сé повеќе се занемаруваат од земјите-членки поради размислувањата поврзани со нивните внатрешни политики. Фреквенцијата на напади и можностите главните градови на ЕУ да интервенираат и да го нарушат процесот со често заобиколување на мислењето на Комисијата се зголемени во текот на годините.

Досега, континуираната нестабилност на главните градови на ЕУ за проширувањето е добро документирана и има тенденција да го попречи процесот, дури и кога поставените услови се исполнети од земјите аспиранти.

„Ова во моментов го попречува договорот за долго одложуваното доделување на визната либерализација за Косово. Таквите динамики го маскираат недостатокот на кредибилна визија за ангажманот на Унијата со нејзините сојузници на Балканот. Зошто инаку ЕУ не би успеала да го консолидира својот политички простор оставајќи ги своите балкански соседи надвор од неодамнешната Конференција за иднината на Европа? Тие, исто така, го поттикнуваат незадоволството во регионот и ги туркаат балканските земји да бараат прагматични алтернативи во регионалните коалиции и со другите сили. Притоа не е чудно што земјите кандидати како Србија не го кријат пријателството со Путин и одбиваат да бидат обврзани со санкциите на ЕУ против Русија“, се оценува во документот на ИЕП.

Инаку, на 19 јули годинава Советот конечно ги започна пристапните преговори со
Северна Македонија и Албанија. Двете земји добија согласност да започнат пристапни преговори уште во 2020 година, но Бугарија потоа стави вето на усвојувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија за прашања поврзани со историјата и јазикот. Бидејќи ЕУ ја третира апликацијата на дуото во „пакет“, Скопје и Тирана заедно беа заглавени на патот кон пристапување во изминатите години поради спорот на Северна Македонија со Бугарија.Францускиот предлог за решавање на ќор-сокакот меѓу Бугарија и Северна Македонија и отворањето на преговорите за европска интеграција, пристигна во земјава на 30 јуни.

Одлуката да им се дозволи на двете земји да напредуваат на долгиот пат кон членството во ЕУ е важна и прилично задоцнета. Сепак, ова дојде откако Скопје се согласи на компромис врз основа на францускиот предлог дизајниран да ја убеди Бугарија да го деблокира патот на Северна Македонија кон пристапување.

Со Протоколот, од Северна Македонија се бара да го смени својот устав за да го признае бугарското малцинство и да воспостави мерки кои ги штитат правата на малцинствата и го забрануваат говорот на омраза. Според истиот предлог, Бугарија го задржува правото да не го признае македонскиот јазик и бара Скопје да ги одразува добрососедските односи во текот на преговорите.

Македонските пратеници ги усвоија условите од договорот постигнат со посредство на Франција со тесно мнозинство, без поддршка од опозицијата. Одобрувањето на парламентот, исто така се постигна сред насилни протести и широки критики дека вклучувањето билатерални прашања во пристапните разговори претставува опасен преседан. Таквата широка дискусија создава „тажна прослава“ и сугерира дека договорот можеби нема да резултира со трајно решение.

Една од причините е што тоа не ја спречува Бугарија во иднина повторно да го блокира процесот. Дури и без ново бугарско вето, Северна Македонија прво ќе мора да го смени својот Устав пред вистинското отворање на првите поглавја од преговорите.

Заедно со Албанија, Северна Македонија претходно беше блокирана во 2019 година од страна на Франција и Холандија се додека не беше усвоена (повторно) нова методологија за пристапни преговори, врз основа на француските предлози. Пред тоа, жестокиот спор со Грција го блокираше нејзиниот напредок една деценија додека земјата не го смени името од Македонија во Северна Македонија за да го надмине ветото на Атина. Секое натамошно одложување, и покрај сите отстапки што државата веќе ги прифати, гарантирано ќе има негативни влијанија на сите аспекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...