fbpx

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

-

ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ, покажува најновата анкета на Интернационалниот републикански институт (ИРИ).

Според оваа анкета, доколку утре има избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23 отсто од граѓаните, наспроти СДСМ, за кој се одлучиле 11 отсто од анкетираните.

За ДУИ се изјасниле седум проценти, а за ДПА – три отсто од испитаниците.

Во премиерот Никола Груевски веруваат 18 проценти од испитаниците, а во Заев – 7 отсто. Али Ахмети е веднаш зад него со шест отсто доверба, а во Менудх Тачи само два отсто од анкетираните граѓани имаат доверба.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, според граѓаните, е најспособна од политичките партии за решавање на проблемите со економијата, невработеноста, корупцијата, владеењето на правото, меѓуетничките односи и на локалните проблеми, безбедноста и сигурноста и интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и во НАТО.

Граѓаните во анкетата на ИРИ велат дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна партија во нивните населени места. Вкупно 47 отсто од испитаницте во анкетата се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна партија, а потоа следат СДСМ со 7 отсто, ДУИ со 11 отсто, па ДПА со 2 отсто.

На прашањето која партија најнапорно работи за граѓаните, 27 проценти од анкетираните одговориле дека тоа е ВМРО ДПМНЕ, 13 проценти – СДСМ,  ДУИ – 7 проценти и ДПА – 3 проценти.

Вкупно 28 проценти од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ може подобро да ја развива економијата и да ја намалува невработеноста, а само 11 отсто од испитаниците сметаат дека тоа може да го направи СДСМ.

Во однос на обезбедување на владеењето на правото, 23 проценти дале доверба и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 10 проценти од испитаниците кои се изјасниле за СДСМ.

Дека ВМРО-ДПМНЕ може успешно да се справи со проблемите во меѓуетничките односи сметаат речиси 21 процент од граѓаните, а за СДСМ се изјасниле 9 проценти.

21 процент од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро може да се справи со криминалот и со корупцијата, додека за СДСМ е значително пониска довербата за оваа тема, односно 7 проценти од испитаниците би му го довериле на СДСМ ова прашање.

Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро може да ја реализира интеграциската агенда за членство во ЕУ и во НАТО. Владејачката партија има поддршка од 24 проценти од граѓаните за оваа тема, наспроти СДСМ за кој се изјасниле 13 проценти од испитаниците.

Партијата на Груевски со поддршка од 27 отсто од граѓаните има највисока доверба и за обезбедување на безбедноста и на сигурноста, наспроти 10 отсто од граѓаните што сметаат дека СДСМ има поголем капацитет за оваа тема.

ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски имаат поголема поддршка од граѓаните и во однос на локалната самоуправа, со предност од 24 проценти наспроти 9 отсто за СДСМ.

Теренската анкета на Интернационалниот републикански институт е направена од 6 до 15 јуни врз репрезентативен примерок од 1.105 испитаници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...