fbpx

Анкета: Мнозинството граѓани се против каква и да е промена на името

-

Никаква промена на името е ставот на речиси половина од граѓаните или 47,1 проценти, покажува најновата анкета на МЦМС и Институтот за демократија, која ја објави „Телма“. Само 14,4 отсто од граѓаните би прифатиле „двојна формула“, речиси исто толку 14,1 би прифатиле име за севкупна употреба или ерга омнес. Договорено име за во меѓународните организации е прифатливо за 13,6 проценти од испитаниците, додека 10,1 отсто би поддржале договорено име за севкупна меѓунарона употреба. Овие резултати споредени со последната анкета на МЦМС од 2013-та година покажува пад од 15 процентни поени во противењето на каква било промена на името, но негативниот став за промена на името и натаму доминира.

Анкетата на МЦМС и Институтот за демократија, спроведена теренски од 5 до 20 април на репрезентативен примерок од 1004 испитаници, го опфати и прашањето за промена на Уставот на Македонија, на што инсистира Грција, покажувајќи дека тоа е неприфатливо за 48,3 проценти од граѓаните, наспроти само 16,4 % за кои е прифатлива промена на уставното име. Со став Без промена на уставното име, а со утврдување на меѓународно име за земјава, се 18,3 проценти. Анализирано по однос на етничката припадност 60,7 проценти од Македонците не прифаќаат никаква промена на Уставот, додека за 41,8 процент од Албанците е прифатлива промената на Уставот со уставното име.

Испитувањето на јавното мислење покажа и која придавка или додавка на името би била најприфатлива за граѓаните за постигнување решение. За „Горна“ се изјасниле 17,1 процент, за „Скопје“, 11,9 проценти, „Нова“ – 9,5, за „Северна“ 8,1 процент и за Вардарска 5,9 проценти. Мнозинство од испитаниците 44, проценти не се за ниту една додавка.

За тоа каде да стои евентуалната придавка, во ново договорено име меѓу двете страни, 42,9 проценти одговориле – никаде. Додавка да стои по името Република Македонија би профатиле 24,4 проценти, придавка пред Република Македонија – е прифатливо за 13 проценти, додека за придавка по Република, а пред Македонија позитивно одговориле 17,2 проценти.

За прашањето на државјанството или националноста според дефиниците во Обединетите нации, од понудени четири опции најголем број 47,9 отсто се изјасниле дека државјанството треба да биде запишано како македонско/Macedonian. Евентуалната опција – граѓанин на Република Горна Македонија преведено и на англиски е прифатливо за 14,4 отсто. Најприфатлива дефиниција на јазикот во Обединетите нации за 45,7 проценти е „македонски“ – со превод на англиски, додека за 16,5 прифатливо е и „македонски“ напишано на латиница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...