fbpx

Анима Мунди: Мачење на животни никогаш не било ниту ќе биде досетливо, креативно, човечно

-

Здружението за заштита на правата на животните Анима Мунди денеска се огласи со остра реакција откако вчера демонстрантите пред Собрание донесоа врзана мисирка.

„Почитуван македонски народе, не се бара правдина за себе со чин во кој на друго битие му создавате болка, траума, невиден стрес и го лишувате од сѐ што е за него природно. Мисирката е, исто како и човекот, чувствително и свесно битие, способно за емоции и, наспроти општото убедување, мисирката е интелигентно животно кое во случајов никому ништо не му згрешила“, порачаа од Анима Мунди.

Активистите нагласија дека го поддржуваат правото на протест и веруваат во силата на народот, но и најостро го осудуваат чинот на малтретирање животно.

„Приморување на животно да биде меѓу таква толпа народ, со врзани екстремитети, кубено, тегнето, обезличено како да е предмет а не жива душа, е најодвратен облик на мачење на животно“, порачаа од Анима Мунди и побараа од организаторите и сите присутни на протестите да не бидат инертни пред стравот на ниту едно живо битие и да се оневозможи злоупотреба на животни за какви било цели.

„Бараме јасна и недвосмислена осуда на чинот и никако да не се повтори! Бараме птицата итно да се ослободи во нејзината природна средина, или да нѝ се предаде ако за другото не постои алтернатива“, наведено е во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...