Анѓушев-Дефа: Германски искуства до побрз економски развој на државата

-

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев се сретна со германскиот амбасадор Томас Герберих и со Валтер Дефа, специјалниот советник номиниран од Владата на Германија, кој како искусен професионалец се очекува да даде поддршка на Владата во спроведување на економските политики.

„Анѓушев и Дефа разговараа за стратешките приоритети на Владата за развојот на економијата на Република Северна Македонија и како да се обезбедат клучните предуслови за побрз и одржлив економски раст и развој. Клучните постулати во оваа насока се владеење на правото, реализацијата на инфраструктурните проекти за подобро поврзување со соседите, со тоа и зголемување на регионалната економска соработка, но и реформи во образовниот систем, со кои ќе се задоволат потребите на пазарот на трудот во земјата“, се вели во соопштението од Влада.

На денешната нивна прва средба, Анѓушев истакнал дека споделувањето на искуствата за европските фондови, ќе биде од особено значење и ќе придонесе за искористување на овие фондови за побрз економски развој и подобрување на животниот стандард и квалитетот на животот на граѓаните.

Валтер Дефа е долгогодишен претставник на СР Германија во Европската Комисијата, каде извршувал повеќе должности. Помеѓу другото бил и директор на Генералниот директорат за регионална политика, а го предводел и Генералниот директорат за даноци и царини на Европската комисија.

Притвор за тетовецот кој уценувал малолетничка и објавувал нејзини фотографии со вулгарна содржина

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – злоупотреба на лични податоци и...