fbpx

Анѓушев бара да се стопираат тендерите што ги најави ЕЛЕМ, за нив ќе решава новата влада

-

Откако директорот на државната компанија „Електрани на Македонија„ (ЕЛЕМ), Христијан Мицкоски, денеска објави дека компанијата ќе објави тендери за набавка на рударска опрема за РЕК Битола и за топлификација за Битола, Новаци, Логоварди и за Могила, во вкупна вредност од 80 милиони евра, реагираа и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и СДСМ.

Анѓушев побара веднаш да се стопираат повиците за набавка на опрема и за изградба на топлификација. Тој вели дека во изминатите 11 години имало спорни и незаконски тендерски постапки и избор на изведувачи на тендери објавени од АД ЕЛЕМ и дека новата влада нема намера да дозволи тоа да се повторува.

СДСМ порача дека Мицкоски повеќе нема право да ветува што било и најави дека ќе се прави ревизија на сите тендери на ЕЛЕМ од страна на новото раководство.

„Христијан Мицковски нема право да ветува ништо повеќе, туку треба да одговори зошто 11 години се распишуваа сомнителни тендери, наместо компанијата ЕЛЕМ сама да врши ископ на јаглен и на јаловина. Цели 11 години стотици милиони евра се одлеаа по фирми блиски на ВМРО-ДПМНЕ, преку ангажирање надворешни фирми, за што се водат и кривични процеси пред судовите. Сите тендери внимателно ќе бидат темелно ревидирани од новото раководство, чиj врвен приоритет ќе биде зголемување на домашното производство, но и реализација на клучните енергетски капацитети“, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...