Наплатата на данокот на додадена вредност (ДДВ) е подобрена за 11 проценти во првото полугодие од спроведувањето на „МојДДВ“, рече министерката за финансии Нина Ангеловска, во синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“.

Оваа мерка според Ангеловска, од една страна дава резултати во сузбивањето на сивата економија, а од друга страна 260.000 граѓани-контролори за истото добиваат награда преку поврат на ДДВ, но и преку наградната игра „МојаНаграда“.

„Ако ги земете шесте месеци од јули до крајот на годината од воведување на мерката, седум милиони евра биле вратени назад кај граѓаните. Анализата покажува дека ако би бил нормален раст од шест проецнети без мерката што не е толку, бидејќи просекот е 3,5 проценти на пораст на ДДВ во последните 10 години, со мерката се обезбедни дополнителни 23 милиони евра приходи прибрани како резултат на „МојДДВ“. Значи со седум милиони евра, сме имале ефект од 23 милиони евра,“ изјави Ангеловска.