fbpx

Ангеловска: Капиталните инвестиции за 2019 година се реализирани 78 отсто 

-

Капиталните расходи во буџетот за 2019 година се реализирани 78 отсто во однос на проекцијата. Во апсолутен износ капиталните изнесуваат 17,8 милијарди денари, што е за 5,7 милијарди повеќе во однос на 2018 година или за 46,6 проценти повеќе, рече министерката за финансии Нина Ангеловска презентирајќи ги првичните податоци за реализација на буџетот за 2019 година.

Како што беше посочено, реализацијата на капиталните расходи во декември била исклучително добра со реализација на 6,7 милијарди денари капитални расходи, во рамки на кои се реализирани набавка на лесни оклопни возила за потребите за НАТО членството, гасификација, откуп на акции од „АД ГАМА“, инвертери, колекторски систем Охрид и други проекти.

„На долг рок подобра реализација на капиталните расходи ќе обезбедиме преку подобрување на среднорочното планирање на буџетот, како и преку воведување на интегриран систем за управување со јавните финансии предвидени со новиот закон за буџети“. рече Ангеловска.

Таа како буџетски корисници кои имале највисока реализација на капитални инвестиции како процент од планираното и како апсолутен износ на реализација ги посочи Министерството за транспорт и врски со 3,4 милијарди денари или 85,4 отсто од проекцијата, Владата со реализирани 2,9 милијарди денари или 98,9 отсто, Министерството за одбрана со 1,2 милијарди денари или 81,3 отсто, Министерството за внатрешни работи со 931 милиони денари или 92,2 отсто, Министерството за финансии со 908 милиони денари или 87,9 отсто реализација и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието со 718 милиони денари и 99,7 проценти реализација.

Министерката за финансии посочи дека економијата е во добра кондиција со раст од 3,6 проценти во првите три квартали од 2019.

-Овој раст е на широка основа, односно имаме раст и во градежништвото и индустријата со 5,6 проценти раст од почетокот на годината заклучно третиот квартал, и во земјоделството со 4,2 проценти, во бруто инвестициите со раст од 5,3 проценти, потрошувачката со 3,8 проценти и извозот со 12,2 проценти раст заклучно третиот квартал – рече Ангеловски и посочи дека и вработеноста продолжила да расте, така што во третиот квартал од 2019 година има 40 илјади лица повеќе вработени во однос на третиот квартал од 2018 година.

Таа додаде дека просечната плата согласно последните податоци на Државниот завод за статистика во октомври изнесува 25.726 денари или тоа е годишен раст од 3,7 прценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...