Ангеловска: Граѓаните добиваат увид за што државата се задолжува

-

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска ја презентираше алатката за зголемување на транспарентноста на јавните финансии односно платформата преку која граѓаните во секое време ќе може да го следат јавниот долг.

Платформата се состои од пет дела јавниот долг и компонентите од кои се состои, движењето на долгот по години, финансирањето на јавниот долг во 2020, издавањето на хартии од вредност и едукативен дел.

На страната се достапни податоци за средствата кои ќе се повлекуваат на домашниот и странскиот пазар во текот на 2020 година, но и дека треба дома и во странство да се отплатат стари долгови во износ од над 700 милиони евра.

Во насока на зголемување на фискалната транспарентност на платформата се објавуваат податоци кои претходно не биле објавени, како долгот на јавните претпријатија за секое одделно, како и очекуваното задолжување, раздолжување на претпријатијата во 2020 година.

Граѓаните ќе имаат увид во тоа, колку изнесува јавниот долг како процент од домашниот бруто-производ и како износ, на што се должи зголемувањето на долгот, потоа движење на долгот низ годините, кои се капиталните проекти за кои имало најголемо задолжување, итн.

Податоците покажуваат дека јавниот долг на крајот на 2019 година изнесува 48,9 проценти од БДП, односно 5.540,9 милиони евра. Проекциите за годинава се тој да биде 50,4 проценти од БДП, односно шест милијарди евра што е во согласност со предвидувањата во Фискалната стратегија 2020-2022 година.

Според Ангеловска, министерството не планира задолжување со еврообврзница до избори, но го следат движењата на странскиот пазар и доколку има можност „би се задолжиле најповолно, за да се раздолжат“ бидејќи треба да се вратат 440 милиони евра по основ на стари долгови.

„Последните три години јавниот долг е стабилизиран, за разлика од периодот од 2006 до 2016 година кога е дуплиран. Не можете да очекувате од држава во развој да го намали јавниот долг. Прашањето е за што се задолжувате, дали тоа го правите за инфраструктура, патишта, капитални инвестиции или споменици. Дали од еден вложен денар ви се враќаат четири,“ вели Ангеловска.

Министерката оцени дека оваа платформа е чекор напред во борбата против лажните вести кои се однесуваат на задолжувањата, а за што не се пишува за реалната слика, односно колку од тие пари се трошат за враќање на стари долгови и колку е реалното нето-задолжување. На веб-страницата исто така има и едукативен дел, за тоа, што граѓаните треба да знаат за јавниот долг.

Платформата за отворени јавни финансии, Министерство за финансии ја изработи со УСАИД и Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Податоците ќе се обновуваат секој месец или на секои три месеци.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...