fbpx

Ангеловска – Брнз: УСАИД имаат инвестирано 640 милиони долари во програми

-

Соединетите Американски Држави преку УСАИД имаат инвестирано 640 милиони долари во програми кои создадоа нови работни места, поддржаа слободни и фер избори, ги подобрија меѓуетничките односи и придонесоа за вклучување на маргинализирани и ранливи групи, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на средбата со амбасадорката на Соединетите Aмерикански Држави, Кејт Мари Брнз.

Неодамна државата ја доби и втората транша од 11 милиони долари од грантот од САД кој изнeсува 25,5 милиони долари и е наменет за развој. Проектите реализирани во овие рамки имаат за цел да се подобри пристапот до финансии за микро, малите и средни претпријатија, како и да се обезбеди поголема енергетска сигурност.

Дел од средствата се насочени кон помош во градење на капацитетите на извршната власт и кон зголемување на вклученоста на маргинализираните групи во општеството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...