fbpx

Ангеловска-Бежоска: Жените имаат недоволен пристап до финансиите, централните банки треба да ја сменат регулативата

-

Жените треба да имаат поголем пристап до финансиите што може да донесе голем број економски придобивки за целото општество. За жал, студиите на глобално ниво, како што е Анкетата на ММФ за финансискиот пристап, укажуваат на голем јаз меѓу половите. Ова е сложен феномен што треба да се реши на холистички начин, со политики што се вон работата на централните банки, но и тие треба да преземат одредени чекори во таа насока. 

Ова е една од пораките што гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска ги упати на настанот на „Јуромани“, во рамки на активностите од програмата на Големиот Глобален форум на позајмувачи и инвеститори во обврзници, посветен на прашања за вклученоста на жените во економските текови, во контекст на корона-кризата, соопштија од Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ). 

„Жените сочинуваат 45 отсто од вкупниот број индивидуални кредитокорисници, во споредба со 55 отсто мажи. А, во однос на обемот на кредити, уште помалку, односно само 38 отсто од вкупно одобрените заеми, отпаѓаат на жени. Во однос на динамиката, има подобрување за 3 процентни поени во последните 10 години, односно учеството на жените во вкупните кредити се зголеми од 35 отсто на 38 отсто. Сепак, податоците укажуваат дека машката популација има полесен пристап до финансиите“, посочи гувернерката.   

Според Ангеловска-Бежоска, централните банки во справувањето со јазот на финансиската вклученост на мажите и жените треба да создадат регулаторно опкружување, поголема конкуренција и нови, поевтини и подобри финансиски производи. Пример за тоа се финтек-производите кои можат да обезбедат полесен пристап до финансии и за жените и за другите групи што се помалку вклучени во формалниот финансиски систем.

„Во тој контекст, централната банка е во завршна фаза од изготвувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, што ќе го намали и родовиот јаз во пристапот до финансии. Една од главните предности на новата законска рамка е воведувањето сметка за плаќање со основни функции, што ќе биде бесплатна за поранливите категории,“ рече гувернерката.

Таа додаде дека е потребна и финансиска едукација, затоа што со повисоко ниво на финансиска писменост ќе се олесни и пристапот до финансии на граѓаните.

Големиот Глобален форум на позајмувачи и инвеститори во обврзници е еден од најзначајните меѓународни настани во организација на „Јуромани“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...