Ангеловска-Бежоска: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот

„Со оглед на високиот степен на трговија со ЕУ, можни се преносни ефекти и во регионот“, велат од Народната банка

-

Сè поголемиот број трговски препреки може да се одразат врз светските економски текови, како и врз економиите во регионот на Централна и Југоисточна Европа како економии со висок степен на интегрираност во светската економија. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на тркалезната маса којашто се одржа на Економскиот факултет во Осиек, во рамките на Регионалната средба на гувернери на централни банки.

Од Народната банка информираа дека, според проценките на Европската централна банка (ЕЦБ), доколку САД воведат царини од 25 отсто на увозот од Европа, би се намалил растот на европската економија за околу 0,3 до 0,5 отсто на краток рок. Доколку Европската Унија, исто така, воведе царини, инфлацијата во еврозоната би се зголемила за околу 0,5 отсто.

„Со оглед на високиот степен на трговија со ЕУ, можни се преносни ефекти и во регионот“, велат од Народната банка.

Од таму додаваат дека за намалување на овие ризици, од особена важност е водењето претпазливи макроекономски политики и засилувањето на структурните реформи со кои економиите од регионот би ја зголемиле својата отпорност на надворешните шокови и би ја забрзале доходовната конвергенција.

На регионалната средба се разговарало и за важноста на реформите во сферата на прекуграничните плаќања за поттикнување на трговијата, вклучително и на регионалната трговија и економскиот раст.

„Во нашиот регион, токму членството во СЕПА би придонесло за брз и ефикасен платежен систем со помали трошоци, зголемувајќи ја конкурентноста на нашата економија“, велат од Народната банка.

На гувернерската тркалезна маса, покрај гувернерката Ангеловска-Бежоска, учествуваа и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ, в.д. гувернерот на Банката на Словенија, Примож Доленц, гувернерката на Централната банка на Црна Гора, Ирена Радовиќ и гувернерката на Централната банка на Босна и Херцеговина, Јасмина Селимовиќ.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...