Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем е отпорен на потенцијалните шокови

-

Билансите на банкарскиот систем упатуваат на здрави фундаменти, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во синоќешното издание на емисијата „Економски магазин“ на телевизијата „Алсат-М“, во коешто акцентот беше ставен на можните ефекти од ширењето на вирусот Ковид-19 врз економијата.

„Во 2008 година, кога глобалната економија се соочи со криза, адекватноста на капиталот на нашите банки беше пониска отколку сега – тогаш изнесуваше околу 16 проценти, а сега е 17 проценти што претставува простор за справување со евентуални шокови. Ликвидноста, исто така, сега е повисока отколку во преткризниот период во 2008 година, а многу е важно што и профитабилноста на банкарскиот систем е на солидно ниво, бидејќи ако има потреба за докапитализација заради поддршка на кредитната активност, банките имаат интерен потенцијал да ја обезбедат,“ рече Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката посочи и дека, сега, квалитетот на активата на банкарскиот систем е многу подобар отколку во периодот пред последната глобална економска криза, што јасно се согледува преку пониското учество на нефункционалните во вкупните кредити. Како што кажа таа, тоа се движи околу 4,8 проценти со што на регионално ниво, во споредба со другите економии, е и едно од најниските учества на нефункционалните во вкупните кредити.

Сето ова, како што кажа гувернерката, претставува илустративен показател дека банкарскиот систем на нашата земја е отпорен на потенцијалните шокови, меѓу коишто се и можните ефекти врз економијата од ширењето на вирусот Ковид-19 на глобално ниво.

Ангеловска-Бежоска подетално се осврна и на можните ефекти на ширењето на вирусот врз глобалната економија, пред сѐ заради значењето коешто го има кинеската економија за глобалните економски движења.

Во емисијата гостуваа и министерката за финансии, Нина Ангеловска и Ангелка Пеева-Лауренчиќ од бизнис-секторот.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...