fbpx

Ангела Меркел во Чешка избегнала можен атентат

-

Чешката полиција уапсила вооружен маж кој се обидел да се вклучи во автомобилската придружба на Ангела Меркел за време на нејзината посета на Прага.

Британски „Мирор“ пишува дека е можно германската канцеларка да избегнала атентат.

Полицијата го запрела вооружениот маж, кој возел автомобил марка „мерцедес“. Локалните медиуми наведуваат дека во неговиот автомобил се пронајдени палка, солзавец, цементни блокови и лисици.

На порталот „Блеск“ објавена е видеоснимка на која се гледа како неколку полицајци разговараат со средовечен маж.

Портпаролот на полицијата, Јозеф Бокан, изјави дека мажот е осомничен за обид за насилство против државник.

– Благодарение на професионалната акција на полицајците, животот на Ангела Меркел не беше загрозен – изјави Бокан.

Тој додаде дека инцидентот го истражуваат детективи од Прага.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...