fbpx

Ангел Димитров: Заедничката бугарско-македонска комисија може и да не проработи повторно

-

Заедничката комисија на Бугарија и Македонија за историските прашања, може и да не проработи повторно, предупреди нејзиниот копретседавач од бугарска страна, д-р Ангел Димитров, пренесува „mediapool.bg“.

– Од македонска страна работата на комисијата беше еднострано прекината со аргумент дека треба да се усогласат со предвремените избори во април. Тие одбиваат повторно да се среќаваме и да разговараме. Останува големото прашање дали во мај ќе се обнови работата на комисијата и дали воопшто ќе биде обновена – вели Димитров.

Бугарските членови во Зaедничката комисија тврдат дека Македонците одбиваат средби во време кога комисијата не успеа да се усогласи за Средновековието и за Гоце Делчев. Претставниците на Северна Македонија во комисијата наводно почнале да го оспоруваат и претходно постигнатиот компромис за цар Самуил како бугарски владетел. Пред комисијата како период за решавање стои и Втората светска војна, што се смета за најспорната тема, пишува порталот.

– Досега колегите тврдеа дека работат без политички притисок и сега одеднаш се покажа дека работата на комисијата е внатрешно политички проблем за нашата млада сосетка. Во моментов сум песимист дека ќе има промена во работата на комсијата – рече Димитров за Бугарската национална телевизија.

„Mediapool.bg“, пренесувајќи ја изјавата на Димитров, исто така констатира дека бугарската влада досега не успеала да ја искористи ситуацијата во Северна Македонија за да ги постигне посакуваните резултати во напредокот на билатералните односи.

„Наместо тоа, претставници на владата периодично со своите коментари распалуваат бесмислени медиумски војни во Скопје коишто успешно се искористуваат од страна на противниците на зближувањето и надминувањето на споровите меѓу двете земји. Комисијата беше создадена согласно договорот за добрососедство од 2017 година и напредокот на нејзината работа се контролира од бугарското министерство за надворешни работи, коешто претпочита да држи дипломатски тон. На сметка на тоа, вицепремиерот и лидер на ВМРО, Красимир Каракачанов продолжува со провокаторските коментари, коишто многу им одговараат на антибугарските сили во Скопје“, пишува „mediapool.bg“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...