Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, си поднесе оставка од функцијата, јавува „Алсат М“.
Засега не се познати причините за ваквата одлука на Аневски.
Инаку, денеска Советот требаше да одржи седница за избор на заменик на разрешениот државен јавен обвинител Марко Зврлевски, кој ќе треба да ја врши оваа функција до изборот на нов јавен обвинител. Првично седницата беше закажана за четвртокот минатата недела, но беше одложена за денеска поради немање кворум.